daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 34
ноќ: 14
Утре    
ден: 31
ноќ: 13
Задутре    
ден: 32
ноќ: 13
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:279   Вторник   6/12/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ЈА ЗАПРА АКЦИЈАТА НА АРМ ЗА ДА СПРЕЧИ ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА
Прогласен привремен прекин на огнот
Прекинот ќе трае неколку часа, ОБСЕ ќе биде носител на проектот

Жестоката акција на АРМ за чистење на теренот во кумановско-липковскиот регион беше прекината во девет часот вчераутро. Старешините на теренот со кои успеавме да исконтактираме, рекоа само: "Повторно н&ицирц; прекинаа", а на прашањето - кој им ја прекинал акцијата, рекоа само - "политичарите."
На вчерашниот прес Никола Димитров, советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски, ги објасни, како што рече заблудите и шпекулациите околу наводна политичка блокада на акциите на АРМ од страна на врховниот командант Борис Трајковски. Тој рече дека одлуката времено да биде запрена акцијата на АРМ ја донеле заеднички и координирано: Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски, министрите за внатрешни рботи и одбрана ЉубеБошковски и Владо Бучковски и началникот на ГШ на АРМ Јован Андревски. Нивната заедничка одлука била да се обидат да спречат две хуманитарни катастрофи, да обезбедат вода за пиење за кумановчани, но и храна, вода и лекови за етничките Албанци од овој крај, а кои од поодамна се држат во заложништво. Акцијата ќе трае неколку часа, ОБСЕ ќе биде носител на проектот, рече Димитров и додаде дека тоа е само добра волја да им се помогне на тие луѓе и дека ништо од планот за акцијата нема да биде сменето. Вентилите на липковската брана, се наоѓаат во центарот на селото и тие с&ицирц; уште се во раце на терористите, потсети Димитров.
"Од почетокот на акцијата во Кумановско, нема никакво повлекување на наредбата на претседателот Трајковски. Нема никаква основа да се тврди и мисли спротивното. Трајковски не е воен експерт, с&ицирц; од тој домен е во рацете на началникот на Генералштабот и претседателот не навлегува во неговите планови - кога да почне, а кога да запре акцијата. Одлуката е координирана и политичка", апострофираше Димитров.
За поклопувањето на ултиматумот на ОНА до Георгиевски со прекинот на акцијата на АРМ, Димитров потсети дека воените операции траеја до девет часот вчераутро, а во заканата се бара акциите на македонските безбедносни сили да престанеле да дејствуваат во раните утрински часови.
Владиниот портпарол Антонио Милошоски јавно го осуди настапот на лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој тврди дека Скопје се наоѓа во терористички обрач и дека терористите ќе почнат да напаѓаат и освојуваат капитални државни објекти, штом ќе почне акцијата на МВР во Арачиново. Милошоски го обвини Трајанов дека раширил многу поголема паника меѓу скопјани, отколку што досега им успеало на терористите, го нарече "фрустриран нереализиран полицаец" и го праша - за кого тој работи? Милошоски им порача на граѓаните да бидат без грижа, бидејќи ситуацијата е под контрола.
За несреќа, пак, како што соопшти портпаролот на МВР Стево Пендаровски, на Водно завчеравечер навистина "цркна" дел од инсталацијата на трансформаторот. Се работело за обичен дефект, прегорел дел од кабел, поради дотраеност. Констатирано било дека не се работи за саботажа или диверзија и затоа екипата на ЕСМ не повикала полиција, а дефектот го отстранила.
С.Колевска

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор