daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 16
ноќ: 6
Утре    
ден: 17
ноќ: 6
Задутре    
ден: 14
ноќ: 10
Кина 
Site Meter
  Година: 5   Број:1423   Сабота   3/26/2005
  Ревија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

СЛУЧАЈ: СОПРЕНИ ВЕНТИЛИ НА ЛИПКОВСКИТЕ ЕЗЕРА
Кумановци ем жедни ем двојно понижени
120.000 жители на Куманово станаа заложници на терористите и 30-ина дена останаа без вода од градскиот водовод, на високите температури граѓаните вода полнеа од цистерни, а ги окупираа и околните извори, чешм

На 6 јуни 2001 година, еден месец по започнувањето на војната во кумановско-липковскиот регион, командантите на ОНА целосно ги затворија вентилите на двете акумулациони езера Липково и Глажња. Куманово остана без вода.
Водачите на паравоените формации го прекинаа дотурот на вода во градот, откако не им беше исполнето барањето за испраќање храна, наводно, за месното цивилно население во Липково. Невладините организации организираа конвој од 20 камиони со храна и лекови, меѓутоа, поради лошата безбедносна состојба, конвојот неколку пати беше враќан. Заедно со него чекаа и екипите на "Водовод" кои требаше да ги отворат вентилите на Липково и Глажња. Така, 120.000 жители на Куманово станаа заложници на терористите и 30-ина дена останаа без вода од градскиот водовод. На високите температури, граѓаните вода полнеа од цистерни, а ги окупираа и околните извори, чешми и со години неискористените бунари. Со канти, кофи и со шишиња во рацете, луѓето во редици чекаа со часови за да обезбедат вода за најнеопходните потреби на семејствата. Во одделни делови на градот почна да се шири неподнослива реа, а поради големите жештини се појавија и заразни болести. Епидемиолозите апелираа до граѓаните непроверената вода да ја превираат и да внимаваат на хигиената за да не дојде до епидемија.
Секнувањето на водата ја испразни и Кумановската болница. Тешко болните и итни случаи беа пренесени во медицинските центри во соседните градови Скопје, Штип и Крива Паланка, а другите болни беа пуштени дома. Во операционите сали не се вршеа хируршки интервенции ниту породувања. И градинките и Домот за стари лица работеа по посебен режим, со минимални услови. Агонијата на жедните кумановци заврши по 20-дневно уценување и натегање на меѓународните и домашните претставници и организации со терористите. На 21 јуни тие дозволија еден вработен од ЈП "Водовод" со екипите на ОБСЕ и со Меѓународниот комитет на Црвениот крст да замине во Липково и да ги отвори вентилите. По неколкудневно полнење на празните брани, Куманово прво доби техничка вода, а по 10-ина дена и исправна вода за пиење. Липково, на денот на пуштањето на водата, доби 20 камиони хуманитарна помош. Само еден месец потоа, на 8 август вентилите на двете кумулации беа повторно затворени. Терористите испратија нова уцена до македонските власти дека ќе ја пуштат водата кога тие ќе обезбедат електрична енергија и хуманитарна помош за населението во Липково. Екипите на "Електростопанство" заминаа на терен и по неколкудневна работа на отстранување на дефектите на електросистемот, Липково доби струја, а Куманово вода. Како виновници за водната криза во 2001 се посочуваат високите функционери на ДУИ, и тоа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Садула Дураку, пратеникот Хисни Шакири и Ајрула Мисини - Шпати, заменик -директор во Архивот на Македонија, сите од Липково, тогашни команданти на ОНА, но директно обвинение против нив до сега не е подигнато. Сузана Николиќ

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор