daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 14
ноќ: 3
Утре    
ден: 12
ноќ: 2
Задутре    
ден: 19
ноќ: 6
Кина 
Site Meter
  Година: 5   Број:1413   Вторник   3/15/2005
  Култура
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПРИКАЗНАТА НА ИНСТАЛАЦИЈА БО ЧИФТЕ АМАМ
Јанешлиева ја легна в кревет македонската национална свест
Уметничката Славица низ "Крик" на кревет го легна Дојарнското Езеро, ама и чувството на Македонецот кој секогаш се теши дека има и полошо

Инсталација "Крик" од уметничката Славица Јанешлиева е дел од групната изложба "Дијлози-Македонската уметност денес" која по Париз , Рим и Подгорица ,е изложена и овде во Националната галерија Чифте амам. Проектот "Крик" всушност претставува сцена на која се поставени два болнички кревети со две необични постелнини . Првиот кревет е послан со изумрени школки по потекло од Дојранското Езеро и е насловен како "Постела на плачот" . " Идејата настана кога бев во Дојран , немав отидено таму од детството . Кога го видов Дојранското Езеро празно со изумрените школки распослани по некогашното дно , ме обзема чувство на јад и тага " , вели Јанашлиева .
Другиот кревет , насловен како "Постела на македонската национална свест" е послан со македонското знаме и перница на која е извезена една анегдота за "македонскиот проблем" од британскиот патеписец и научник Х. Н. Бејлсфорд кој престојувал во Македонија во почетокот на дваесетиот век . Тој запишал една изјава од тогашниот солунски валија , "За се виновни бугарските училишта , во тие гнезда на порок , синовите на македонските селаните поминуваат повеќе години во безделништво и луксуз . Тие спијат на кревети . Потоа кога се враќаат во родните села , во куќарќите на нивните татковци нема кревети , а овие млади господа се префини за да спијат на подот , па одат во планина и им се придружуваат на револуционерите . Она што го сакаат тие е добро платена служба во власта".
"Мотивот за да го направам ова дело го наоѓам во тоа што не можев да ја разберам рамнодушноста која владееше меѓу македонските граѓани за време на конфликтот. Македонецот дури не ни способен да плаче над сопствената судбина. Најмногу ме инспира стравот кај Македонецот и способноста да се помири со се под мотото лошо е ама може да биде и полошо", вели Јанешлиева.
И.Д

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор