daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 32
ноќ: 13
Утре    
ден: 31
ноќ: 11
Задутре    
ден: 28
ноќ: 10
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:268   Среда   5/30/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПРОДОЛЖУВААТ ЖЕСТОКИТЕ БОРБИ НА КУМАНОВСКИОТ ФРОНТ
СЕЛАНИТЕ МАСОВНО ГИ НАПУШТААТ СЕЛАТА
Според армиски извори, слично како на тетовското Кале така и во Матејче специјалците откриваат цели подземни канали што ги поврзуваат куќите една со друга. На патот кон Куманово и кон Скопје имаше колона возила, претежно со жени, деца и старци кои...

Армиските и полициски сили вчераутро дејствуваа во три насоки во Кумановско. Во 05.50 часот имаа акција за спасување на цивили во Никуштак. 700 луѓе биле предадени на Меѓународниот црвен крст и тие уште рано наутро се спроведени во Скопје и Куманово. Селаните масовно ги напуштаат селата. На патот кон Куманово и Скопје имаше колона возила, претежно со жени, деца и старци.
Истовремено, Армијата се расправаше и со провокации на косовските терористи, кои цела ноќ доаѓаа од Отља. Терористите ги продолжија провокациите и во текот на вчерашниот ден. Повремено гаѓаа со митралези и автоматско оружје. Од оваа страна АРМ одговораше соодветно.
АРМ и полицијата дејстуваа и на трет пункт во Матејче. Во 09.30 часот продолжија онаму каде што застанаа претходниот ден, чистење и претрес на куќа по куќа во потрага по оружје и терористи. Армиски извори велат дека слично како на тетовското Кале така и во Матејче, "Волците" и "Тигрите" откриваат цели подземни канали што ги поврзуваат куќите една со друга. Се претпоставува дека штом ќе нападнеле армиските сили, терористите се спуштале во подрумите и се криеле во подземните тунели. Во акцијата во Матејче, вчера во претпладневните часови, преостанатите терористи во селото, стационирани во селската џамија, пружале отпор со автоматски пушки, митралези и снајпери.
Во Матејче речиси и да нема луѓе, ни потврдија вчера во армискиот Прес- центар. Населението во поголем дел се евакуирало само и навреме. Но во Куманово, вчера чекаа над 100-тина кумановци и активисти на хуманитарни организации кои тврдеа дека чекаат бегалци од Матејче. На влезот, пак, во градот, неофицијално биле собрани над 2.000 бегалци од реонот Никуштак, Виштица - Матејче. Полицијата таму не дозволуваше никаков пристап, но, како што дознаваме, бегалците минувале низ вообичаена полициска контрола.
Завчера по 17.15 часот, една по друга терористите истрелале пет минофрлачки гранати со калибар 120мм, две паднале во населбата Режановце, две во Кожара и една во фабриката "Искра". Армиските извори, со кои контактиравме вчера, не можеа да прогнозираат до кога ќе трае акцијата за чистење на терористи во Кумановско, но, истовремено, потврдија дека врховната команда с&ицирц; уште не им дозволува да удрат со сета сила за да не се рушат цели села. Во вчерашните акции и во завчерашната ноќ, кога терористите од 22 часот, па с&ицирц; до 04 часот вчера удирале од Отља, Оризаре и Слупчане, повредени, или какви било други штети меѓу војската и полицијата немало.
С.К.-Г.Т.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор