daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 28
ноќ: 13
Утре    
ден: 29
ноќ: 9
Задутре    
ден: 28
ноќ: 12
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:267   Вторник   5/29/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ УПОРИШТА ВО КУМАНОВСКИОТ РЕОН
Македонските сили влегоа и во Матејче
"Волците" и "Тигрите" во селото влегле околу 13.30 часот, кога ги растерале и разбиле албанските терористи, а потоа продолжите со претресување на куќите една по една. Веднаш по влегувањето во Матејче, терористите започнале координиран напад истовр

Битката за кумановското село Матејче, во кое живее население со мешан состав, македонските безбедносни ја добија вчера околу 13.30 часот, кога ги растерале и разбиле албанските терористи и влегле во селото да ги претресуваат куќите една по една. Во акцијата повторно напред одат "Тигрите", кои по недоразбирањата со министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски, се вратија на своите обврски, во друштво со "Волците" од АРМ, кои цело време се на теренот. Поддршката во нивната операција ја имаат во пешадиските единици на АРМ, кои вчера врз терористите во Матејче дејствувале со артилериско оружје, тенкови, но и со хеликоптери.
"Безбедносните сили ја почнаа акцијата во Матејче вчера во осум часот. Полициските сили вршеа проверки на теренот и куќите. На таваните по куќите наоѓаа воено оружје. Но, веднаш по влегувањето во Матејче, терористите започнаа координиран напад истовремено од Отља, Оризаре и Слупчане. Дејствуваа врз нашите сили, но и на неодредени цели и тоа траеше, иако со прекини, речиси цел ден. Терористите удираа без да бираат цели, со митралези, автоматски пушки, снајпери и зољи. АРМ возврати на нападите, а пребарувањето на Матејче не престана. Повредени војници и полицајци, или било каква материјална штета до доцна попладне на наша страна немаше", ни изјави портпаролот на АРМ полквник Благоја Марковски.
Марковски рече дека идејата за вчерашните активности била сосема друга, најпрво да се обезбедат услови да се евакуира населението од Матејче, Виштица и Никуштак во насока на Скопје и Арачиново, а потоа да се направи пат за разбивање на терористите, првин во Матејче. Но, вели Марковски, терористите и на овој начин биле разбиени, без никакви штети по цивилите во селото. Силните детонации од военото подрачје вчера се слушаа и во Куманово.
Вчера приштинската новинска агенција "Косова прес" јави за уште една жртва на т.н.ОНА во борбите со АРМ. Според веста, деновиве загинал Харун Садику од Слупчане, војник во редовите на т.н. ОНА, а во воениот билтен вчера беше регистриран и ранет терорист. Но, таму не беше наведена побуната на терористите во Отља, која според информациите на АРМ, трае веќе неколку дена.
Од селата Матејче, Ропаљце, Виштица и Никуштак завчера излегле од селото околу 600 жители. Меѓу евидентираните имало 127 мажи, 210 жени и 263 деца. По стариот пат за Скопје, раселените лица се упатиле кон скопските села Арачиново, Ченто и Крушино. Во Црвениот крст во Куманово вчера се евидентирани 495 лица или 138 семејства.
Според извештајот од СВР Куманово во текот на завчерашната ноќ биле откриени и приведени три лица од селото Виштица на кои не им се наведени имињата, а се приведени во полициската станица затоа што кај нив е пронајдено и одземено поголемо количество оружје. Кај лицата биле пронајдени осум рачни бомби и осум запалки за рачни бомби, противтенковска мина и три запалки за противтенковска мина.
(С.К.-С.Н.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор