daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 5
ноќ: -5
Утре    
ден: 4
ноќ: -2
Задутре    
ден: 5
ноќ: 2
Кина 
Site Meter
  Година: 5   Број:1365   Вторник   1/18/2005
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Прилепскиот прволигаш се засилува
Тројца Нигеријци во Победа

Тројца нигериски фудбалери ќе го засилат фудбалски шампион Победа во зимскиот мини преоден рок. Еден напаѓач и двајца играчи за врска во текот на подготовките треба да ги задоволат вкусовите на тренерот Петар Курчубиќ. Претстојниве денови Шаќиру Абикоје (19), Мајкл Аџибола (18) и Џозеф Аделеке (18) треба да им се приклучат на преостанатите фудбалери на Победа кои се подготвуваат кај Вештачкото езеро и на игралиштето Младинец. Управата на Победа испрати барање и до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која треба да издаде фудбалерите од Африка да можат да обезбедат виза за влез во Македонија.
Со ови тројца Нигеријци како и предходно дојдениот Србин Живорад Ковачевиќ, бројката на странци на проба кај прилепчани се зголеми на четворица. Но најавено е дека прилепчани овие денови ќе ја засилат екипата со уште неколку фудбалери.
(Т. З.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор