daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 28
ноќ: 13
Утре    
ден: 28
ноќ: 13
Задутре    
ден: 28
ноќ: 13
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:266   Понеделник   5/28/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПО ЧИСТЕЊЕТО НА ВАКСИНЦЕ, ТЕРОРИСТИТЕ ГАЃААТ ОД СЛУПЧАНЕ И ОТЉА
Убиен Фадил Лимани, командант на терористите за Куманово
По убиството на командантот наречен Тигар, забележани биле многу дезертерства меѓу терористите

Завчера во борбените дејства на потегот помеѓу селата Слупчане и Ваксинце, убиен е еден од командантите на т.н. ОНА Фадил Лимани познат како Тигар. Во борбите со македонските безбедносни сили загинал и неговиот заменик. Тоа предизвикало нов бран дезертерства меѓу нив, потврдија вчера високи армиски извори. Тие дополнуваат дека Лимани е македонски државјанин.
Вчера во попладневните часови, борбите на македонските безбедносни сили беа засилени поради големи провокации на терористите од месноста Отљанска река, источно од селото Отља, кое допрва чека на акција на АРМ за чистење од терористи. Терористите упорно настојуваат тежиштето на борбените дејства да го префрлат на подрачјето на Отља и Матејче, ни изјави портпаролот на АРМ Благоја Марковски. Како засилување на акцијата беа вклучени и хеликоптерите на АРМ. Вчераутро терористите ги нападнале единиците на АРМ кај Слупчански бунар, а нападнале и од Виштица. Во 10.45 часот била повторно нападната полициската станица во Матејче, која викендот била осум пати цел на албанските екстремисти. Во 13.50 часот вчера терористите нападнале од Отља, а потоа и од Отљанска река.
Во еден од нападите врз ПС Матејче завчера терористите гаѓале од упориштето во манастирот Свети Богородица, што се наоѓа над селото. Од почетокот на кризата терористите се стационирани во конаците на овој манастир од каде што дејствуваат, а во кои, според некои информации, направиле и своја болница. При влегувањето во куќите во Ваксинце, завчера полициските и единиците на АРМ откриле и заплениле големо количество оружје, муниција и санитетски материјал, што терористите ги оставиле зад себе.
Евакуацијата на цивилното население течеше преку целиот викенд. Најмногу жители излегуваа од селата Никуштак, Виштица и Матејче, а мал дел од Слупчане. Во Црвениот крст во Куманово досега од почетокот на кризата вкупно се евидентирани 5.019 времено раселени лица, а само вчера во Куманово пристигнале 202 лица, или 59 семејства. Неофицијално дознаваме дека во селото Липково има околу 10.000 раселени лица од околните кризни села, кои чекаат да бидат евакуирани од меѓународниот Црвен крст. Но, дознаваме дека вчера на теренот не биле присутни екипите на оваа меѓународна организација.
С. Николиќ

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор