daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 26
ноќ: 11
Утре    
ден: 26
ноќ: 10
Задутре    
ден: 26
ноќ: 7
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:265   Сабота   5/26/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПО ВЛЕГУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ ВО СТРАТЕШКОТО УПОРИШТЕ НА ЕКСТРЕМИСТИТЕ
Ваксинце се освојува куќа по куќа, жесток отпор од терористите
Во 7.20 часот вчера изутрина, АРМ и полициските единици ја продолжија акцијата за влегување во терористичкото дувло Ваксинце, од позициите на кои застанаа во четвртокот во 20 часот.

Во 7.20 часот вчера изутрина, АРМ и полициските единици ја продолжија акцијата за влегување во терористичкото дувло Ваксинце, од позициите на кои застанаа во четвртокот во 20 часот. Само три часа претходно, албанските терористи извршиле напад на полициската станица во село Матејче, во кое живее население од мешан состав. АРМ брзо ги разбила позициите на напаѓачите, потврди полковник Благоја Марковски, портпаролот на АРМ. Додека нашите безбедносни сили го чистеле Ваксинце, терористите од куќите давале жесток отпор. Повреден е специјалецот од МВР Александар Костов, но тој е надвор од животна опасност. АРМ жестоко одговарала со сето расположливо оружје, а околу 11. часот биле активирани и хеликоптерите М-24.
"Завчеравечер застанавме привремено, само до разденување, на позициите на кои напреднавме, бидејќи не сакавме да бидат изложени единиците на нашите безбедносни сили на опасност и ризик. Утрово тие продолжија со демонстративни дејства, влегуваат само обучените за урбана герила "тигри" и "волци", додека пешадиските единици на АРМ стојат отстрана и ги обезбедуваат со направениот обрач околу селото. Темпото на акцијата за чешлање на селото куќа по куќа - до последната, зависи од отпорот што го даваат терористите, кои с&ицирц; уште се во голем број во селото, држејќи ги мештаните како заложници за правење жив штит", ни изјави вчера армискиот портпарол.
Внимателната акција завчеравечер резултирала со успешно извлекување и спасување на 220 жители од Ваксинце, а вчера нови 50-ина нивни соселани побарале да бидат евакуирани од жариштето. На извршениот лекарски преглед на евакуираните во Медицинскиот центар во Куманово, констатирано било дека се здрави, а потоа биле сместени кај свои роднини и пријатели во градот. Машките евакуирани лица поминале низ задолжителна полициска контрола со парафински ракавици по што дел од нив биле пуштени, а дел задржани, дознаваме од СВР Куманово.
Следно стратешко упориште на албанските герилци за "требење" е токму Слупчане, кое исто како Ваксинце, врие од терористи, кои во друштво со себе од првиот ден на кризата во Кумановско, држат заложници од селото.
Во Генералштабот на АРМ се единствени дека овој пат треба да се оди со чистење на македонската територија од терористи - до крај. Старешините се надеваат дека нема да им биде кажано како при жестоката акција во Тетовско, да запрат да го чистат теренот на половина завршена работа.
(С.К.-С.Н.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор