|
Долгоочекуваната акција на македонските Армија и полиција за протерување и уништување на вметнатите терористички групи на т.н. ОНА во кумановскиот регион, почна вчера во осум часот, со пешадиски единици и тешко артилериско оружје. Таа се одвиваше успешно, без никакви загуби на наша, само на страна на терористите, и веќе во претпладневните часови, по претходно направениот пат од АРМ, полицијата влезе и ја "чешлаше" Рудничка Колонија, позната по рудникот Лојане, едно од тврдите упоришта на терористите.
"Армијата презеде офанзивна акција за изолирање и разбивање на албанските терористички банди во кумановско-липковското подрачје, како и за создавање услови безбедно да се евакуира населението од кризното подрачје. Уште во претпладневните часови ја пресековме комуникацијата меѓу селата во кои беа утврдени терористите. Војската на АРМ ги загради во обрач селата Рудничка Колонија и Ваксинце. Во 11 часот полицијата влезе во Рудничка Колонија да го чисти теренот", ни изјави вчера портпаролот на АРМ, полковник Благоја Марковски.
Марковски рече дека во акцијата АРМ пука буквално со с&ицирц; што &иацуте; е потребно за планираната акција, но во селективно избирани цели. "Куќите настојуваме да останат цели и неоштетени, се внимава на секакви цивилни цели, иако акцијата е офанзивна", тврди Марковски.
По Лојане и Ваксинце, АРМ дејствуваше и во Слупчане.
Вчера во Армискиот генералштаб не сакаа наредбата за офанзивна акција да ја поврзат со потпишувањето на договорот за заедничко дејствување на самопрогласениот водач на т.н. ОНА Али Ахмети и лидерите на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во ГШ тврдат дека акцијата е преземена по претходна општа наредба, бидејќи опасноста од дејствувањето на терористите била зголемена последниве денови, но и поради с&ицирц; поизразеното малтретирање на цивилното население во селата во кои беа навлезени.
Вчера претпладне се слушна силна детонација. На граничниот премин Табановце експлодирала цистерна полна со хемикалија за дезинфекција на возилата и на с&ицирц; она што влегува во Македонија, бидејќи била погодена со граната.
|