daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 20
ноќ: 9
Утре    
ден: 24
ноќ: 8
Задутре    
ден: 22
ноќ: 8
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:249   Вторник   5/8/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО КУМАНОВСКО
Терористите се повлекуваат кон планината
Цивилите не можат во целост да се евакуираат, бидејќи се држат во заложништво пред пушките на терористите. Најжестокиот отпор од терористите на влезот од село Слупчане

Најжестокиот отпор од терористите контра македонските безбедносни сили во вчрашната нивна акција за чистење на теренот над Куманово, се случил во пладневните часови, на влезот од село Слупчане. Албанските терористи биле на положба од лево и десно на патот што води кон селото. Пешадиските сили на АРМ удриле со сета жестина врз спротивната страна и околу 13.30 часот,како што пренесува полковник Благоја Марковски, десетици оружени терористи биле забележани како масовно ги напуштаат позициите, но и преостанатите заложници, цивили од селото и бегаат назад, кон внатрешноста на селото, односно кон Ваксинце. Тогаш хеликоптерската единица на АРМ ја презела работата во свои раце и со митралески оган удрила по растрчаните групи. Акцијата околу Слупчане траеше и во 15 часот, кога го добивавме дневниот извештај од акцијата на македонските безбедносни сили во кумановско.
Активностите на АРМ започнале вчераутро, малку по 8. часот, во реонот на село Опае и Слупчане. АРМ во поход тргнала со тенковските единици, поддржани од артилеријата и со дејствување на воените хеликоптери М-24, М-17 и М-8.
Според изјавата на Марковски, завчераноќ албанските терористи пробувале да вршат напади врз единиците на АРМ, од нивни позиции во поширокиот регион на Куманово. Провоцирале отворајќи оган во неколку наврати - најпрво во 22.15 часот од Ваксинце кон позициите на АРМ близу Макпетрол, а потоа повторно од истото село, во 23 часот.
Вчераутро, пред почнувањето на акцијата на АРМ во 5.30 часот, терористите отвориле оган и од позициите на местото Рудничка колонија, во непосредна близина на село Лојане. На сите овие вооружени провокации АРМ одговорила соодветно, а кај Рудничка колонија уништила терористичко гнездо со 20-на албански герилци. Марковски потврди дека АРМ нема ниту загинати, ниту повредени, а нема ни технички загуби. Според неговите согледувања на теренот, цивилите не можат во целост да се евакуираат, бидејќи се држат во заложништво пред пушките на терористите, но дека единиците на АРМ максимално ја користат можноста добро да ги планираат целите и да не удираат онаму каде што ќе забележат цивилни лица.
Вчера извори од армискиот Генералштаб тврдеа дека АРМ во кумановско е "многу блиску до целта", но и наспроти ставот на Министерството за одбрана, МВР, Владата и Врховниот командант Борис Трајковски, се на чисто дека "со вака одврзани раце може терористите да се совладаат и без прогласување на воена состојба!"

С.Колевска

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор