daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Утре    
ден: 22
ноќ: 9
Денес    
ден: 21
ноќ: 12
Задутре    
ден: 22
ноќ: 4
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:248   Понеделник   5/7/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

КУМАНОВСКИ ФРОНТ
Лабава офанзива или затишје пред бура?
Се гаѓаше врз Ваксинце, Слупчане, Оризаре и Отља, на интервали, ред гранати, па ред тишина, за што и околното население имаше коментар дека офанзивата на македонските сили е

"Во досегашните дејства на безбедносните сили на РМ на теренот против диверзантско терористичките албански групи во липковските села во изминативе три дена се уништени: 14 различни позиции на подвижни вкопани групи, 8 митралески гнезда- бункери, 7 снајперски гнезда, 6 контролни пунктови, 3 магацини со оружје и една огнена позиција". Ова вчера го соопшти полковник Благоја Марковски, портпарол на АРМ, на прес- конференцијата која се одржа во новоотворениот прес-центар во касарната "Боро Менков" во Куманово. Притоа, потенцираше Марковски, водена е сметка да се гаѓаат "стопроцентно утврдени и строго рентабилни цели за да се избегнат цивилни жртви и непотребна материјална штета".
Армијата и полицијата и понатаму секојдневно му овозможуваат на цивилното население да ги напушти единаесетте населени места во Кумановско, кои се во директна закана од терористите. Последниот ултиматум, пак, истече вчера во 11 часот, по што македонските безбедносни сили ја продолжија стрелбата врз терористичките упоришта. Се гаѓаше врз Ваксинце, Слупчане, Оризаре и Отља, на интервали, ред гранати, па ред тишина, за што и околното население имаше коментар дека офанзивата на македонските сили е " малку лабава". Според информациите од претходните денови, тоа се должи и на големиот број цивили кои си уште се наоѓаат во Ваксинце и Слупчане, бидејќи автобусите што се праќаат да ги извлечат се враќаат празни. Сепак, поделени се мислењата дали тие се навистина заложници, или пак, одбиваат да ги напуштат селата. До започнувањето на борбените дејства вчера, во 11.45 часот од селата Ваксинце и Слупчане излегоа 14 цивилни лица од кои 12 возрасни и две малолетни деца. Тие ги напуштија селата со посредство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Според делегатите кои ги посетија селата, жителите кои последните три дена се кријат во подрумите од куќите, се истоштени и поради лошите хигиенски услови им се заканува сериозна опасност од болести. Во Кумановскиот медицински центар, пак, и вчера немаше донесено повредено население, војска и полиција, а немаше информации ниту за повредени терористи.
Полковникот Марковски и со информација дека даденото време за ултиматумот и прекините на огнот на македонските сили, од страна на терористите "беа злоупотребувани со тоа што во тој период тие вршеа прегрупирање на силите на теренот". Во врска со најавите за прегрупирање на терористите и на Шара, и повторно разгорување на Тетово, во Армијата велат дека не располагаат со такви информации. Во Тетово, пак, викендов беше каменуван возот на линијата Тетово - Кичево, и тоа пред влезот во градот.
Поради безбедносни причини, пак, од завчера населението од селото Лопате го напушти ова населено место по инцидентот што се случи во сабота кога на тенк на АРМ од куќа дејствувале албански терористи. Куќата која била упориште на диверзанската група е уништена.
(С.Н.-Л.Ј.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор