daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:246   Петок   5/4/2001
  Свет
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Одбележан Светскиот ден на слобода на печатот

Њујорк, 4 мај - "Лидерите на сите земји во светот треба да им го гарантираат правото на новинарите слободно и непречено да ја извршуваат должноста", се вели во Декларација на Обединетите нации објавија вчера по повод Светскиот ден на слобода на печатот - 3 мај. Во Декларацијата на генералниот секретар на ОН Кофи Анан, високиот комесар за човекови права на ОН Мери Робинсон и на генералниот директор на УНЕСКО Коитиро Мацура, се истакнува дека "слободата на печатот е една од основните компоненти на демократското општество".
Во Декларацијата на ОН "се повикуваат новинарите од сите земји во светот да се придржуваат до највисоките професионални стандарди, да не ги доверуваат своите информации во рацете на оние кои сеат омраза и секогаш да го почитуваат принципот на непристрасност во работата".
Организацијата за медиуми на Југоисточна Европа (СЕЕМО), по повод одбележувањето на Светскиот ден на слобода на печатот, изрази загриженост за положбата на новинарите и медиумите во земјите од Југоисточна Европа и упати апел до властите во тие држави да сторат се што е во нивна моќ да им обезбедат на новинарите слободно да ја извршуваат својата должност. Во соопштението на СЕЕМО, со седиште во Виена, се бара од самите новинари во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Македонија, Романија, Молдавија и СР Југославија, "да ги усвојат највисоките стандарди во својата професија и да не ги ставаат своите способности во служба на ширење омраза". Организацијата, која е огранок на Меѓународниот прес институт (ИПИ), исто така ги повикува новинарите и медиумите од останатите земји во светот, "поверодостојно" да ги пренесуваат информациите за настаните во регионот на Југоисточна Европа, особено во Косово и во Македонија.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор