daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: -4
ноќ: -9
Утре    
ден: 3
ноќ: -3
Задутре    
ден: 3
ноќ: 1
Кина 
Site Meter
  Година: 3   Број:737   Петок   12/20/2002
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

И ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ПАРИТЕ СЕ ТРОШЕЛЕ БЕЗ МЕРА
Во ПИОМ правници еден куп, а за правни совети потрошени 200 илјади евра
Од неколкудневниот увид во финансиската состојба на Фондот, новото раководство утврдило голема комоција од претходното раководство во трошење на средствата и фрлање пари за работи кои и не вределе толку

Парите што биле предвидени за тековни трошоци за 2002 година во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, биле потрошени до октомври, соопшти вчера новото раководство на ПИОМ. Од неколкудневниот увид во финансиската состојба на Фондот, тие утврдиле голема комоција од претходното раководство во трошење на средствата и фрлање пари за работи кои и не вределе толку. Така, на пример, Фондот платил вариолајт завеси во Штип за 1,1 милион денари на фирмата "Елко дизајн", потрошени биле и енормно високи 6,1 милион денари за канцелариски материјал, за печатени обрасци за само 10 месеци биле дадени 5,6 милиони денари на "Графома". За набавка на списанија и весници - 2,2 милиони денари, а за тековно одржување на опремата 13,8, од кои "Неоком" зел 10,9 милиони денари.
"Посебно е висок износот на исплатени средства во 2001 година од 2,1 милиои денари на 'Моса корпорација' за почетнички курсеви за компјутери за вработените. За правни совети, иако повеќето од вработените се правници, биле потрошени 1,2 милиони денари. Посебни приказни се трошоците по договорени услуги со Рударски институт на кој му се исплатени 2,7 милиони денари за експертиза за работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење (по 456 евра од работно место). Поради вакво недомаќинско работење, парите за 10 месеци се потрошиле, но бил побаран ребаланс на буџетот со кој било одборено двојно поголем износ од претходно утврдениот", изјави претседателот на Управниот одбор на ПИОМ Ленка Балаловска.
Во 2002 година посебен трошок претставува и изградбата на деловен објект на Фондот, чија процедура се одвивала вон постојната законска регулатива. Не бил распишан тендер, а градбата која вреди 5,4 милиони евра е договорена во четири очи со ЗАМ Инженеринг.
ПИОМ продавал удели и акции во околу 60 претпријатија и со нелогичности при продажбата е оштетен неколку милиони евра.
(Р.Ф.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор