daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 29
ноќ: 15
Утре    
ден: 35
ноќ: 15
Задутре    
ден: 37
ноќ: 17
Кина 
Site Meter
  Година: 3   Број:620   Четврток   8/1/2002
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

БРУТАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА АМБАСАДАТА ВО СКОПЈЕ НЕ ГИ ИЗНЕНАДИЛО НИ САМИТЕ ГРЦИ
Конзулот Михалопулос, роднина на функционер во грчката хунта
Димитриос Михалопулос, уште додека бил вработен во грчкото Министерство за надворешни работи, бил познат како конфликтна личност



Грците не биле изненадени од арогантното, нецивилизирано и брутално однесување на Димитриос Михалопулос, конзул во грчката амбасада во Скопје, дознаваме од извори во Министерството за надворешни работи. Тој, уште додека бил вработен во грчкото Министерство за надворешни работи, бил познат како конфликтна личност, тврдат нашите извори, кои сакаат да останат анонимни, а кои велат дека екстремноста на Михалопулос е општо позната во нивните кругови.
Тие додаваат дека Михалопулос е познат и по еден друг момент. Тој е роднина на радикален политичар, висок функционер од времето на владеењето на хунтата во Грција. Диктаторскиот режим на Јоргос Пападопулос го Грција владееше седум години, од 1967 до 1974 година, кога беа суспендирани легално и демократски избраните власти.
Мандатот на Михалопулос, чие самоволие и бруталност при издавањето грчки визи на македонските граѓани беше повод завчера тајванската новинарка Куеј Јуе Џан, уредничка на тајванска телевизија, да поведе кампања "Засрами се, грчка амбасадо", велат нашите извори, истекува во 2003 година. Михалопулос, во една пригода, самозадоволно, во неформален муабет ни кажа: "Убаво што јас не сум тука во 2004 година, за време на Олимпијадата во Атина. Тогаш којзнае колку визи ќе барате".
Во дипломатски кругови се говори дека кампањата "Засрами се, грчка амбасадо", но и претходните поплаки и сознанија за нехуманото однесување на грчкиот конзул кон македонските граѓани, со што ја избламирал грчката држава, веќе му ги разнишале позициите и се прогнозира дека нема да биде изненадување ако тој предвреме си ги спакува куферите.
Кампањата, пак, против бруталноста на грчката амбасада во Скопје продолжува втор ден. Собрани се над 3.000 потписи. Ноти се испратени до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до грчкото и до македонското Министерство за надворешни работи.
- Упатуваме апел до сите заинтересирани граѓани да се пријават како волонтери за отворање места за потписи и во поголемите градови во Македонија. Кампањата продолжува и понатаму, и нема да се откажеме додека нешто конкретно не се смени - ни рече вчера Куеј Јуе Џан.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор