daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 27
ноќ: 8
Утре    
ден: 17
ноќ: 6
Задутре    
ден: 23
ноќ: 8
Кина 
Site Meter
  Година: 2   Број:545   Сабота   5/4/2002
  Ревија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ВРЕВА И КОНТРОВЕРЗИ ОКОЛУ ПОСЛЕДНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ГЕНЕТСКИТЕ СЛИЧНОСТИ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ
Генот не е национално обележје
Македонците се блиски до пан-европските народи, имаат ист генотип, а разликите помеѓу нив и соседните народи треба да покажат колку многу се мешале и со кои од нив. "Нашите испитувања не покажуваат дека постои "македонски" ген за главниот

Резултатите од првото генетско истражување на Македонци, според кои Македонците и Грците немаат никаква генетска врска, бидејќи Македонците се сродни со другите медитерански народи, а Грците со подсахарските етнички заедници, крена нова врева. Духовите се разбрануваа кај македонските експерти, но и кај Грците кои резултатите организирано ги сокриле од јавноста, но сепак реагирале по дипломатски канали и со протестни ноти до Шпанија како една од државите чии научници работеле на проектот.
Првото генетско истражување за Македонци и нивна генетска споредба со другите медитерански населенија ја направиле истражувачи од одделот за имунологија и молекуларна биологија на универзитетот Комплутенс од Мадрид, Шпанија (Арнеиз-Вилена, Пако, Москосо, Гомез-Касадо, Силвера-Редондо, Варела и Мартинез-Ласо) и Установата за лабораториско испитување на ткивата и крвна трансфузија од Скопје (К. Димитроски, М. Благоевска и В.Здравковска).
Притоа се добиени интересни и провокативни заклучоци и резултати. Според нив Македонците се генетски слични со другите медитеранци, поради што припаѓаат на постарата медитеранска основа, како Иберијците, Баските, Североафриканците, Италијанците, Французите, Критјаните, Евреите, Либанците, Турците - Анатолијанци, Арменците и Иранците. Според десетмината истражувачи, Грците не се сродни со другите истражувани медитеранци туку имаат генетска сродност со подсахарските етнички групи кои денеска живеет во Етиопија, Судан и Западна Африка. Според нив, ова силно ја открепува теоријата дека Македонците се еден од најдревните народи што постојат на Балканот, и дека веројатно постоеле уште пред доаѓањето на Микенските Грци околу 2000-та година п.н.е. Меѓутоа, велат
истражувачите, "заедничко генетско потекло Македонците и Грците можеле да имаат пред да се случи хипотетичкото мешање меѓу Грците и Субсахарците. На докази од овој тип истражувања се базираат културниот, историскиот и генетичкиот идентитет на Македонците", се вели во студијата за ова истражување, но заблудата ја направиле историчарите во 19 век, фокусирајќи ја целата култура, уметност и традиција во Грција, игнорирајќи ги сите останати медитерански народи и нивните култури што постоеле во регионот многу години пред класичните Грци.
Сродноста на Грците со Субсахарците, овие научници ја објаснуваат со хипотетичкото мешање на субсахарските народи со Грците во времето на миграциите или во времето на исчезнувањето на црнечките фараонски владетели. Десетмината истражувачи веруваат дека мешањето најверојатно настанало на Егејските острови и Атинската област. Истражувачите кои работеле на оваа
проблематика, сметаат дека античките Грци верувале оти нивната религија и култура доаѓаат од Египет.
За студијата на мадридскиот универзитет и скопскиот завод за трансфузиологија, се користени 172 несродни етнички Македонци од Скопје, 98 Мароканци, 98 Бербери, 94 Марокански Евреи, 176 Шпанци, 80 Баскијци, 228 Португалци, 179 Французи, 102 Алжирци, 91 Сардиниец, 284 Италијанци, 80 Ашкеназиски Евреи, 135 Критјани, 85 Грци од Егејот, 95 Грци од Атика, 101 Грк од Кипар, 59 Либанци од Ниха ел Шуф, 93 Либанци од Кафар Зубиан, 100 Иранци, 228 Турци, 105 Арменци, 101 Еќипјанец од Сива, 83 Ормонци, 98 Амхаранци, 38 Фуланци, 39 Римеибанци, 42 Мосијанци, 77 Сани, односно Бушмани,
192 Сенегалци и 86 црнци од Јужна Африка. Меѓутоа, овие откритија беа дочекани на нож.
"По повод објавените резултати за ХЛА-ДНК типизација на примерок од македонската популација од Антонио Арнез-Вилена од Инстутот да имунологија и молекуларна биологија во Мадрид со оработниците, објавени во престижното списание Тиссуе Антигенс во 2001 година беше создадена бура од преписки и коментари во научната јавност, главно на Интернет и во некои наши медиуми. Најмногу одекна неговиот заклучок дека Македонците му припаѓаат на "постарото" медитеранско население, дека Македонците не се во генетска сродност со Грците (кои не припаѓаат во "постарото"
медитеранско население) и дека Грците имаат значајна блискост до суб-сахарските народи. Уште повеќе беа цитирани најчестите (божем македонски) гени А*02-Б*51-ДРБ1*1601 и А*03-Б*18-ДРБ1*1601 кои предизвикаа еуфорија во круговите на нашите иселеници и беа истакнати како национални обележја и во некои наши медиуми од некои вработени од Заводот за трансфузиологија во Скопје", реагира проф. д-р Мирко Спироски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика при скопскиот медицински факултет.
Според Спироски, истражувањето на Вилена и неговите компањони не е меродавно, и не смее да биде земено како валидно.
За ова тврдење Спирски реди низа факти кои ги спротиставува на она што Вилена го нуди во својата студија. Како што вели Спироски, Меѓународната соработка за испитување карактеристиките на ДНК кај луѓето се остварува со организирање меѓународни работилници на оваа тема. Следната работилница, 13-та по ред за гените од главниот ткивно совпадлив комплекс се одржува од 12. до 23. мај 2002 година во Сиетл, САД. Секоја лабораторија која сака да учествува на оваа работилница мора да се пријави, да исполни определни критериуми и да се регистрира. Од Република Македонија регистрирана лабораторија за 13.
Работилница е таа од Институт за имунобиологија и хумана генетика, при Институтите од Медицинскиот факултет во Скопје. Сите регистрирани лаборатории мораат да купат исти хемикалии за работа, мораат да користат исти методи за работа и мораат да ги контролираат своите резултати во иста лабораторија и со исти контролни материјали. Со примена на вака строги критериуми се овозможува споредливост на добиените резултати од целиот свет со цел да се испита разноликоста на луѓето на целата земјина топка.
"Ние располагаме со најсовремената опрема за молекуларна биологија и хумана генетика. На нашиот институт, во тимот за ХЛА-ДНК типизација заедно со мене работат асист. д-р Александар Петличковски, асист. д-р Тодор Арсов, д-р Ана Стрезова, биотехнолог Оливија Ефинска-Младеновска, д-р Павлина Џекова и лаборантот Елена Захариева. Нашите резултати се контролираат од 13-тата работилница и успешно сме ги поминале надворешните контроли за работа", ни рече Спироски.
"За 13-тата работилница ги пријавивме само резултатите од македонската популација, а останатите ѓе ги пријавиме кога ќе ги довршиме испитувањата и ќе ги споредиме меѓусебно. Нашите испитувања покажаа голема шареноликост во гените од овие три сегменти што укажува на висок степен на мешање на нашиот народ со околните народи. Само како за пример: за ХЛА-А најдовме 22, за ХЛА-Ц најдовме 27, за ХЛА-Б најдовме 44, а за ХЛА-ДРБ1 најдовме 47 различни гени. Бројот на различните гени во нашите испитувања е двапати поголем од тие објавени од Арнез-Вилена и соработниците. Оваа разлика се должи на поголемата чувствителност на методите кои ги користиме за генетско испитување на ХЛА гените.
Тој користи по две, а ние по четири разделни места. Ова доведува до различен број на честота на гените од главниот ткивно совпадлив комплекс во нашите испитувања и на тие објавени од Арнез-Виледа и соработниците. Ние најдовме најголема честота на ХЛА-А*2402 (11.3%), а Арнез-Виледа и соработниците ХЛА-А*02 (25.6%). Ние најдовме најголема честота за ХЛА-Б*1801 (12%) и ХЛА-Б*5101 (12%), а кај Арнез-Виледа и соработниците ХЛА-Б*18 (16.6%).
"Во весниците се појавија толкувања за добиените генетски резултати во Мадрид за главниот ткивно
совпадлив комплекс во македонската популација дека се идентитет на македонската нација. Веднаш да кажам дека имуногенетските испитувања било каде во Светот, па и кај нас се показател на антрополошките карактеристики, но никако и национално обележје. Не може да прифатам дека најчестата појава на еден ген во едно подрачје значи национално обележје. Тоа би значело дека сите други кои го немаат тој ген не се Македонци, или сите други кои го имаат тој ген се Македонци. Таквите заклучоци, благо кажано, се политички толкувања на генетските податоци и им нанесуваат ненадоместлива штета на научните и
медицинските истражувања кај нас и во Светот. Поделбата на Македонците на Вардарци, Пиринци и Егејци според територија, на православни и муслимани, според религиозното убедување, на СДС-овци,
ВМРО-овци, и други според политичките убедувања, на генетски подобни и генетски неподобни, според ХЛА-ДНК типизација, е несреќата која со векови не следи и тешко не напушта", вели професорот Спироски. Тој потенцира дека еднаш за секогаш треба да прифатиме дека Македонци се сите тие кои се чувствуваат дека се Македонци, независно од територија, религија, политичка определеност или генетска особина. "Прифаќам дека постојат генетски разлики во еден народ, подрачје, село, фамилија, но тие произлегуваат од биолошката разноликост, а не од
националното обележје. Ние на Институтот за имунобиологија и хумана генетика сме се определиле за
постојано следење и испитување на гените од главниот ткивно совпадлив комплекс (како и другите гени) во различни делови од Република Македонија, вклучувајќи ги во испитувањето и Албанците, Ромите, Турците, Македонските муслимани, Гораните, Власите и други. Меѓутоа, нашите испитувања имаат за цел да ги утврдат биолошките разноликости, индексот на помешаност,индексот на еднаква генетичност и многу други биолошки варијации. Добивањето
на вакви податоци е од особено медицинско значење, како што се трансплантацијата на коскената срцевина, трансплантацијата на бубрезите, поврзаноста со некои автоимуни заболувања, вродените болести и друго може во голема мерка да им помогне на пациентите во Македонија", велат од тимот на Спироски.
Со тоа дека во никој случај генетиката не смее да биде оружје на политиката, а уште помалку дека конкретните истражувања и резултати на Вилена и неговиот тим не можат и не треба да влијаат на историјата се согласува и доскорешниот прв човек на МАНУ, Ѓорѓи Ефремов, но и историчарите.
Во интервју пред заминувањето на новата, амбасадорска функција академик Ефремов беше категоричен дека испитувањето на Вилена не треба да се земе здраво за готово И дека не е меродавно, бидејќи никој со сигурност не може да тврди дека оние од кои се земени ДНК примероци се навистина
Македонци, за какви што тврдат дека се. Академик Ефремов беше дециден дека за да се објави нешто такво како што објавил Вилена требаат навистина цврсти докази. Тој рече дека вакви испитувања за генетските сличности И разлики меѓу Македонци и Албанци, биле правени во Македонија уште пред 10 години, но дека тимот кој работел на тоа не ги објавил
резултатите токму поради тоа што не биле сосема сигурни во она што било резултат на нивното
истражување. "Не мора да навлегуваме длабоко во истражувањето на Вилена за да видиме дека тоа што тој го тврди е смешно. Ни по која основа не може да се направи преседан и поради едно недокажано трвдење на неколкумина сензационалисти да се менува историјата,
велат исторчарите. Дознаваме дека истиот тој Вилена,кој раководел со ова генетско испитување, неодамна правел истражување и во Израел.Утврдил дека
Палестинците и Евреите се генетски идентични. Израелците едноставно збеснале.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор