daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПО РЕАКЦИИТЕ НА СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ ВО ОХРИД
Градоначалникот го повлекува планот за Стариот град

По вчерашната средба со дел од жителите на стариот дел на Охрид, градоначалникот Александар Петревски најави дека ќе го повлече нацрт-ДУП за Првата урбана единица, кој го опфаќа старото охридско градско јадро. Тој изјави дека оваа верзија на планот ќе биде вратена на доработка и оти натамошната негова судбина ќе зависи од одлуките на новиот Совет на Општина Охрид.
"Одлучив да ги прифатам забелешките на граѓаните, иако овој план за Прва урбана единица се наоѓа во првата фаза и е на јавна расправа, што значи дека измените можеа да се направат во следната негова верзија", рече Петревски
Охридски архитекти сметаат дека нацрт-верзијата на ДУП-от за Прва урбана единица не може да се повлече туку тој може да се надополни со нови предлози во следната фаза.
На нацрт-ДУП за Првата урбана единица во саботата остро реагираше директорката на Заводот и Музеј во Охрид Тања Паскали - Бунташеска, која кажа дека ако тој помине како што е подготвен, стариот дел на Охрид ќе се претвори во градилиште, а Охрид ќе биде симнат од листата на УНЕСКО. (Д.Ч.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор