daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

СМЕНЕТ ЛИКОТ НА КАФЕАНАТА "ЕЗЕРЦЕ"
Метален монструм во Градски парк
Од Општина Центар најавуваат дека допрва ќе испратат инспекција да провери дали кафеаната се реновира или се доградува

Кафеаната "Езерце" во Градски парк станува метален монструм, тврди скопскиот адвокат Владимир Стефановски. Тој испрати писмо до нашата редакција, во кое објаснува дека е крената метална конструкција на два ката со големина на спортска сала.
"Овој објект е граден пред војната со специфична архитектура и имаше само приземје. Тој е ставен под заштита на Законот за споменици на културата. Новиот газда доби дозвола да го поправи покривот, но место тоа прави метален монструм", тврди адвокатот, нагласувајќи дека преправката на покривот е типичен пример за урбана мафија.
Кафеаната "Езерце" од 2000 година е сопственост на Општина Центар. Лани општинарите $ ја дадоа под закуп на скопската фирма "Вени, види, вици" која, пак, оваа година доби одобрение за санација на покривот кој бил уништен од снегот. Од Општината, кога почна реконструкцијата на кафеаната, уверуваа дека се работи само за смена на покривот.
"Објектот е под заштита и тој не смее да се урне ниту може да се менува неговиот надворешен изглед. При реконструкцијата закупецот не смее да излегува од постојниот габарит, не му е дозволено ни да доградува ни да надградува. Може да ги смени покривот, ентериерот и може да ја реновира кујната", рекоа пред еден месец од Општина Центар.
Но иако е очигледно дека габаритот на некогашниот објект е надминат, за општинарите тоа се уште е невидливо.
"Ќе пуштиме градежна инспекција да провери што се случува. Тие не смеат да излезат надвор од она што им е дозволено", рекоа од Центар.
Сопственикот на фирмата "Вени, види, вици" вчера не беше достапен да каже зошто на ресторанот има поставено лимен покрив многу поголем и повисок од досегашниот покрив на кафеаната. (С.Р.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор