daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ОТПУШТЕНИ 30 РАБОТНИЦИ ОД ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ВО БИТОЛА
"Мокел" дели откази по пошта

На триесет, од вкупно 270 вработени во текстилната фабрика "Мокел" во Битола, во петокот на домашна адреса им стигнале отказни решенија. "Минатите две недели не викаа во управата на фабриката да потпишеме изјави дека самите сакаме да бидеме прогласени за технолошки вишок. Сакаа да ги избегнат обврските кон нас. Во петокот ни дадоа отказ по пошта", обвинуваа вчера работниците. Од "Мокел" велат дека ваквиот чекор е резултат на светската финансиска криза. Ним, како текстилна фабрика, им се најавувало сериозно намалување на производството кое го имале во изминатиот период. "Намалувањето на налозите за работа од странските партнери доведоа и до намалување на работната сила. За да ги сведеме на разумно ниво трошоците на работа, принудени сме да го намалиме бројот на вработени", изјави Тодор Богоевски, менаџер на "Мокел", кој изрази надеж дека до јуни, кога почнува сезоната на конфекционерите, ќе имаат зголемување на налозите за работа.
Отпуштените работниците вчера побараа помош од правната служба на Регионалниот синдикален совет во Битола. Од таму кажуваат дека во тек е подготовка на жалбите за добиените решенија, а алармирана била и трудовата инспекција. (С.Та.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор