daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

17.000 работници побарале помош од синдикатот

Вкупно 17.144 работници во текот на минатата година се обратиле до Сојузот на синдикатите на Македонија за правна заштита која најмногу се однесувала за неисплатена плата, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, надоместок за храна и превоз и за стечај.
Раководителот на Секторот за работни односи и правна заштита при ССМ Драге Јовановски на вчерашната прес-конференција информираше дека во 2008 година имало 31.650 обраќања, од кои над 80 отсто се позитивно решени, односно остварени се 23.200 права.
"Најмногу обраќања, односно 3.573 имало во Синдикатот од графичката, информатичката, филмската и издавачка дејност (ГИФИК), по што следуваат Синдикатот од текстилната индустрија со 2.969, Синдикатот на индустријата со 2.127 обраќања, Синдикатот на хемија и неметали со 1.761 обраќање", рече Јовановски.
Податоците за дадената правна помош во ССМ за периодот јануари - декември 2008 година се добиени од 14 регионални синдикални совети, 21 синдикална канцеларија и правните застапници.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор