daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

НЕМА ПАРИ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА
Внесуваме пресолена и пржена храна

Беспарицата е причина што најголем процент од Македонците се хранат нездраво. Лошата економска состојба, ценат експертите во Републичкиот завод за здравствена заштита, ги принудува граѓаните да купуваат поевтини производи кои немаат речиси никаква хранлива вредност.
"Трупаме конзервирана храна за да ја преживееме зимата. Јадеме ајвари, туршија наместо да јадеме свежа, па дури подобро од тоа, и смрзната храна. Таквите прехранбени навики не доведоа до состојба кога просечното дневно внесување на маснотии изнесува 36,7 проценти, а максимално дозволеното изнесува 30.Тоа јасно укажува дека јадеме масна храна, односно јадеме многу пржено.Значи, на постојните маснотии ние додаваме масно, како зејтин, маргарин и друго", објаснува д-р Златка Димитровска од Републичкиот завод за здравствена заштита.
Загрижувачки е, додава д-р Димитровска, што сите ја пресолуваме храната, па наместо дозволените максимални пет грама, просечно во денот внесуваме и до 16 грама сол. Згора на тоа, додава таа, главно јадење ни се саламите, т.е. сувомесните производи, додека рибата воопшто и ја нема на дневното мени. Дневно еден Македонец во просек јаде само 11 грама риба.
"Не јадеме зеленчук, ниту овошје. Попрво ќе се фатиме за фабрички сок, отколку за свеж портокал. Истото е и со зеленчукот. Што повеќе да се каже за лошите навики, ако се знае дека и грав не јадеме во доволни и потребни на организмот количини", вели д-р Димитровска.
Овие податоци се направени врз основа на податоци од Државниот завод за статистика за потрошувачката по домаќинства.
"Единствено што до некаде задоволуваме со внесувањето храна е нивото на витамини и минерали", тврди д-р Димитровска.
(А.Ст.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор