daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПО ГЕРМАНСКИТЕ ПОРАКИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕВРОИДНИНАТА
Македонија во ЕУ по најмалку седум години
Германската амбасадорка Улрике Марија Кноц вчера изрази жалење што нејзината презентација на симулациската игра "Создавање нова Европа" била протолкувана како промена на германската политика кон Македонија, но не демантираше дека по влегувањето на Х

Приближувањето на Македонија кон Унијата не е ставено под знак прашалник, но ќе биде одложено за најмалку шест години е заклучокот од неколкуте различни пораки кои деновиве беа испратени од еден заеднички извор - Германија.
Од Брисел европратеникот и советник на германскиот канцелар Ангела Меркел за ЕУ Елмар Брук минатата недела порача дека по влегувањето на Хрватска проширувањето ќе биде стопирано.
"Како и секоја компанија која се шири, првин мораме да се соочиме со консолидација пред да почнеме со проширувањето. За тоа ќе бидат потребни најмалку шест години, доколку годинава биде даден датумот за преговори", рече Брук пред главните уредници на весниците на германската групација ВАЦ .
Бидејќи е евидентно дека оваа година нема шанси земјава да добие датум за почнување на преговори, влезот во ЕУ најрано може да се случи во 2016 година.
Задачите кои ќе треба да бидат решени беа презентирани преку симулациската игра со наслов "Создавање нова Европа", направена од студенти од Македонија, Германија и од Франција. Според неа, Македонија во 2020 ќе биде во ЕУ, но со сменето име во Северна Македонија и ќе биде двојазична. Симулацијата која ја презентираше германската амбасадорка Улрике Марија Кноц предизвика контроверзии, па вчера со соопштение мораше да изрази жалење за недоразбирањата:
"Амбасадорката Кноц само го цитираше резултатот од една работилница. Изјавите никако не ја опишуваат германската политика кон Македонија".
Сепак, овие пораки го поставуваат прашањето како Македонија треба да се однесува наредниве години, со оглед на тоа што сигналите укажуваат дека проширувањето на ЕУ ќе запре по влезот на Хрватска.
Коментирајќи го ова, вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски го цитираше чешкиот премиер Тополанек.
"Со секоја реформа сме поблиску до ЕУ затоа што тоа ги избива од устите сите аргументи на противниците на нашиот влез во Унијата Има еден текст од чешкиот премиер Тополанек во кој тој напиша дека секој прекин на проширувањето ќе биде пекол. Дури и противењето на Де Гол за влезот на Британија во ЕУ не го спречи тој процес туку само кусо го одложи. Европската перспектива е јасна и јасно е дека Македонија ќе биде членка", вели Боцевски.
(Д.Д.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор