daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ОБСЕ ПОБАРА СУДИСКА НЕПРИСТРАСНОСТ ЗА ИЗБОРИТЕ
Управниот суд подготвен да ги решава изборните жалби за 48 часа

Управниот суд е организациски подготвен за евентуалните тужби на претседателските и локалните избори кои ќе се одржат в недела, соопшти вчера претседателката на Судот Розалија Кочковска. Веќе се формирани совети од по петмина судии, бидејќи во фазата на заштита на изборното право се одлучува со такви совети преку ждрепка, избрани се претседатели, именувани координатори, организирани се дежурства, појасни Кочковска. Согласно измените на Изборниот законик, за одлучување по изборни жалби веќе нема да биде надлежен Врховниот туку Управниот суд.
На вчерашната трибина која ја организираше ОБСЕ, под чија капа се изведоа обуки за управните судии за брзо и ефикасно работење при изборниот процес, Кочковска рече дека досега Судот немал заведено тужби и спорови за избирачкиот список, но за предлог - листите за кандидати имало 13 тужби. Споровите биле навремено решени.
За секоја жалба или заведен спор треба да се одлучи во рок од 48 часа. Поранешниот врховен судија Агим Мифтари на вчерашната трибина им укажа на управните судии дека треба да бидат подготвени и на непредвидени ситуации, кои ќе мора да ги решаваат во од.
"Македонските судии од Управниот суд што ќе одлучуваат по евентуални жалби и спорови во врска со изборниот процес, треба да бидат непристрасни, политички неутрални, ефикасно и брзо да донесуваат одлуки и соодветно да ги толкуваат законите за да не се создава недоверба во судството и да се обезбеди докрај фер изборен процес", им порача вчера лично шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис на судиите. Поведените постапки за минатите избори, донесените одлуки за дел од нив, според него, можат да придонесат за подобрување на овој изборен процес. (С. К. Д. )

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор