daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ТУЖБА ЈА БЛОКИРАШЕ СМЕТКАТА НА ДИПЛОМАТСКОТО ПРЕТСТАВНИШТВО ВО ИТАЛИЈА
Банкротира амбасадата во Рим
Сметката на амбасадата во Рим е блокирана за износ од над 200 илјади евра колку што изнесува отштетата за поранешната вработена која тужеше за неисплатени плати и придонеси, па платите за вработените и другите давачки се исплаќаат преку македонската

Вработените во македонската амбасада во Рим земаат плата преку странични сметки, дознава "Вест" од неофицијални извори. Ваква мерка морала да биде преземена, бидејќи сметката на дипломатското претставништво во Рим веќе некое време е блокирана. Најверојатно платата за вработените во амбасадата, како и за сите други трошоци за тековно работење доаѓаат преку сметката на дипломатското претставништво на Македонија во Ватикан.
Сметката на амбасадата во Рим преку која се одвиваат сите трансакции на релација Скопје - Рим е блокирана поради долгогодишниот спор во кој поранешната вработена Снежана Јовановска ја тужи Република Македонија уште од 2004 година. Таа тужи поради тоа што била пријавена дека работи четири, а работела осум часа во амбасадата, потоа поради нецелосно здравствено и пензиско осигурување и неисплатена 13-та плата. Јовановска во македонската амбасада во Рим работела од 1994 до 2004 година како секретарка и преведувачка по што заработила отказ без образложение од тогашната амбасадорка Мерие Рушани.
Судот во 2006 година пресуди во полза на Јовановска и одреди отштета од 152 илјади евра. Процесот с# уште е во тек и сега е на Апелација, а сумата поради каматите во меѓувреме стигнала до над 200 илјади евра. Од МНР потврдуваат дека е блокирана сметката, но дека случајот не е затворен.
"Процесот с# уште трае. Постапката е отворена и сега е пред италијанскиот Апелационен суд. МНР, а со тоа и Република Македонија има ангажирано адвокати и користејќи ги сите правни мерки ќе се обиде да докаже дека е во право во овој спор", велат од МНР.
Оттаму се правдаат дека договорот што го потпишала Јовановска не ги предвидувал придонесите за кои таа тужи и велат дека според законот за екстериторијалност, амбасадата е под надлежност на Македонија и во вакви случаи важат македонските закони. Во тужбата, пак, Јовановска се повикува на италијанските закони за воспоставување работен однос.
Неофицијално дознаваме дека Јовановска денеска ќе се појави во МНР на разговор со надлежните во обид случајот да биде решен без да се чека конечната одлука на повисоките судски инстанци во Италија.
(Д.Д.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор