daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Црна Хроника
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ВО ЛЕНИЧКА РЕКА, ПРИЛЕПСКО
Пронајден мртов маж

Божидар Христовски (71) од Битола, кој пред неколку дена бил пријавен за исчезнат, завчера е пронајден мртов во водите на Леничка Река. Мртвото тело, во близина на местото викано Поводеница, го забележал граѓанин кој веднаш ја повикал полицијата. Од првичниот увид било констатирано дека на телото на починатиот битолчанец нема траги на насилство. Се претпоставува дека тој, најверојатно, починал со давење во водата.
Тој во саботата излегол од дома и повеќе не се вратил, по што неговите најблиски неговото исчезнување го пријавиле во полиција. (П.А.Л.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор