daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Црна Хроника
Пребарувач
Во соработка со Најди!

НЕСРЕЌА КАЈ СТРУМИЧКОТО СЕЛО ШТУКА
Се задавил од залак месо

Сточарот Ристе Смиланов (46) од струмичкото село Штука завчера се задушил на ручек, јадејќи месо приготвено на скара.
Трагичниот настан се случил на планината Огражден во месноста Кравичево, оддалечена седум километри од селото Штука. Попусти биле обидите на помладиот брат Туше и на неговите пријатели да го спасат Ристе, кој не успеал да го поврати парчето свинско месо кое заглавило во неговото грло.
Ристе со неговиот брат Туше, кои имале 15 говеда, заедно со десетина други пријатели сточари, во неделата заминале на Огражден да подигнат колиба за чување на добитокот во летниот период. Напладне почнале да печат ќебапи, колбаси и свинско месо на скара. Ристе почнал да јаде, но по неколку минути се закашлал и побарал помош од брат му и од пријателите. Тие не успеале да му го извадат залакот од душникот, по што веднаш го префрлиле во селото каде што лекар само утврдил смрт поради поголемо парче месо кое му заглавило во грлото. Смиланов останал без воздух и се задушил. (В.Т.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор