daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Црна Хроника
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ ИЗНУДУВАЧИ НА ПАРИ ВО СКОПЈЕ
Рекетари фатени со обележени 3.000 евра

Скопјаните С.М. (44) и Т.М. (21), како и турскиот државјанин И.К. (48) се осомничени за кривично дело изнуда.
Пријавените во текот на овој месец повеќепати, директно или преку телефон, со закани за живот се обиделе да изнудат 3.000 евра од скопјанецот Ј.И. (40) за наводен негов долг кон нив.
На почетокот на месецов, во близина на скопската населба Тафталиџе, Ј.И. бил пресретнат со автомобил "мерцедес", во кој биле М.Н. од селото Грчец и второпријавениот И.К.. Скопјанецот бил нападнат и удрен од М.Н., а потоа И.К. се обидел Ј.И. со сила да го пикне во возилото. Но, поради минувачи, тој не успеал во намерата. Меѓутоа, од тогаш пријавениот, заедно со другите двајца пријавени со телефонски закани кон оштетениот, со кого од порано се познавале, првин се обиделе да изнудат 5.000, а потоа 3.000 евра.
Случајот бил пријавен во полиција. На 14 март во 13,30 часот, на паркингот во непосредна близина на Воената болница во Скопје била договорена средба меѓу оштетениот и изнудувачите. Притоа пријавените се фатени и приведени од полицијата. Кај првопријавената С.М. во десниот џеб од јакната се пронајдени 3.000 евра кои претходно биле кримтехнички обработени.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор