daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Црна Хроника
Пребарувач
Во соработка со Најди!

НА УЛИЦА ВО СКОПЈЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН
Ја убил девојка си и се самоубил
Игор Бучкоски (29) од Скопје вчера напладне, пред хотелот "Гранит" во скопската населба Тафталиџе, поради раскинатата љубовна врска, со пиштол ја убил Елена Дујовска (25) од Делчево, а потоа се самоубил

Игор Бучкоски (29) од Скопје вчера напладне, пред хотелот "Гранит", на улицата Миле Поп Јорданов во скопската населба Тафталиџе, со пиштол "чешка зброевка" ја убил Елена Дујовска (25) од Делчево, а потоа со истиот пиштол се самоубил, пукајќи си во главата. Како мотив за убиството е рскинатата љубовната врска меѓу нив двајца.
Тој вчера напладне ја почекал Елена пред зградата кога таа се враќала од продавница, од каде што купила леб и млеко. Почнал да се расправа со неа, го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми кон неа, а потоа се самоубил.
Веднаш по инцидентот, на местото пристигнаа полициски екипи кои, заедно со претставници од Судот вршеа увид. Беше пронајден и пиштолот и полицијата испитува дали Бучкоски имал дозвола за него или, пак, нелегално го поседувал. По увидот, телата на Дујовска и Бучкоски беа однесени во Институтот за судска медицина на обдукција.
Додека траеше увидот, на местото на злосторството беше и братот на Елена со кога таа заедно живеела во најмен стан во зградата пред која беше убиена. Момчето беше во шок и со крв на рацете. Беше под полициски и лекарски надзор.
"Тој десетина минути по настанот дојде пред зградата. Кога ги виде мртвите тела, се стрча кон нив. Ја препозна сестра му. Легна врз нејзиното тело и силно заплака. Плачеше колку што го држеше гласот. И покрај тоа што рацете му се натопија со крв, тој се обидуваше да ја спаси", во шок ни изјави една од станарките во зградата каде што сестрата и братот живееле како потстанари.
Игор Бучкоски бил вработен во спортска обложувалница. Љубовната врска на Игор и Елена траела околу две години.Пред еден месец тие раскинале. Игор не можел да се помири со тоа. Честопати и се јавувал по телефон и и се заканувал. Бил во депресија. Поради жестите јавувања и закани Елена заминала во Делчево. Го сменила и мобилниот телефон. Со надеж дека Игор се помирил со ситуацијата таа пред неколку дена се вратила во Скопје. Но вчера тие повторно се сртнале. Срдбата била кобна и за двајцата.
"Бев во близина на прозорецот. Слушнав пукање. Помислив дека деца пукаат со петарди. Излегов на прозорецот со намера да ги искарам. Забележав девојче што падна на улицата. На неколку метри од неа стоеше момчето кое пиштолот го приближуваше до слепоочницата. Кога видов дека сака да пука, гласно викнав: 'Немој да го сториш тоа'. Потоа слушнав истрел и момчето пополека падна на земја", низ солзи раскажува една од станарките во спротивната зграда, очевидец на настанот.
Од шокот кој го доживеала, таа не можела да повика полиција. Го забележал братот на Елена и, не знаејќи дека и е брат, го замолила да и го каже бројот за да повика полиција. Кога момчето слушнало за што станува збор, се стрчало кон местото каде што лежеле телата. (П.А.Л.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор