daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Свет
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА АВСТРИСКИОТ МОНСТРУМ
Фрицл призна инцест, но не и убиство
САНКТ ПЕЛТЕН, 17 март (Ројтерс) - Австриецот кој направил седум деца со својата ќерка што ја чувал затворена во ќелија 24 години, вчера призна дека е виновен за инцест, но негираше дека го убил нивниот новороден син. Облечен во распар сив костум Јозе

САНКТ ПЕЛТЕН, 17 март (Ројтерс) - Австриецот кој направил седум деца со својата ќерка што ја чувал затворена во ќелија 24 години, вчера призна дека е виновен за инцест, но негираше дека го убил нивниот новороден син. Облечен во распар сив костум Јозеф Фрицл (73) влезе во судот во Санкт Пелтен, гратче во близина на Виена, придружен од полицајци и криејќи го лицето зад сина папка. Тој подоцна ја спушти папката и гледајќи право пред себе, со грбот свртен кон галеријата, зборуваше тивко, понекогаш и едвај разбирливо, на прашањата за неговите лични податоци и како се изјаснува.
Фрицл призна дека е делумно виновен за силување, што новинарите го протолкуваа како да не се согласува со формулацијата на обвинението, и изјави дека е виновен зашто ги држел заробени своите деца во подрумот.
Тој рекол дека е невин по обвинението дека ја држел ќерка си заробена речиси целиот живот.
Обвинителството рече дека Фрицл, кој би можел да добие доживотна робија ако биде осуден, е одговорен за смртта на еден близнак кој починал брзо откако се родил во подрумот во 1996 година. Тоа вели дека ова е убиство од занемарување зашто Фрицл не побарал помош за бебето чие тело го запалил во печка.
"Тој ја затворил (Елизабета) во подрумот и ја направил сосема зависна од него, присилувајќи ја на секс и третирајќи ја како негова приватна сопственост", се вели во обвинението.
Пресудата се очекува в петок.
Адвокатот на одбраната Рудолф Маер изјави дека не држи обвинението за држење во заробеништво. Тој изјави дека Фрицл "израснал второ семејство", ги критикуваше медиумите кои го опишуваа како монструм, и побара од членовите на поротата да ги надминат емоциите и да овозможат фер судење. Тој изјави дека Фрицл покажал оти се грижел за добросостојбата на децата со тоа што некои ги изнел од подрумот, а сериозно болната ќерка Керстин (19) ја однел во болница. Керстин никогаш не видела денска светлина, и кога била однесена во болница, се дознало за случајот и Фрицл беше уапсен во април минатата година.
Ако биде осуден за убиство од осумчленото жири, тој би можел да добие доживотна робија или до 15 години затвор. Маер ја пренесе изјавата на Фрицл дека очекува остатокот од животот да го помине во затвор. Ќерката на Фрицл и нејзините шест деца, од кои три живееле во заробеништво од раѓање, сега живеат на тајна локација и со нови идентитети.
Елизабет во следниве денови ќе сведочи преку снимена видео изјава долга 11 часа, а тогаш јавноста ќе биде исклучена од судењето за да се заштити приватноста на жртвите.

***

"Мајка ми не ме сакаше"
Детството ми беше многу тешко, рече 73-годишниот обвинет пред судскиот совет од тројца судии и осум судски поротници, кога тие го повикаа да раскаже за фазите од неговиот живот, пренесе агенцијата АФП. Во судот Фрицл изјави дека не бил посакувано дете и дека мајка му систематски го тепала.
"Мајка ми не ме сакаше. Таа имала 42 години кога ме родила и едноставно не сакала деца", рече Фрицл. Тој раскажа дека често пати, за да ги избегне ударите на мајка си, се криел под машината за шиење или зад купот со дрва во домот. Кога имал 12 години Фрицл и кажал на мајка си дека веќе нема да толерира да го удира. Оттогаш за неа тој се претворил во Сотона. Тој рче дека никогаш не бил близок со мајка си и дека татко му се појавувал во домот од време на време. Во судот тој се обиде да ја оправда суровоста на мајка му кон него.
"Животот на мајка ми, исто така, не бил розов. Таа била израсната на фарма и требало да почне да работи од осумгодишна возраст", рече Фрицл.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор