daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Скопје
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ИМА ПРАВДА ЗА СТАНАРИТЕ ОД ЗГРАДАТА БРОЈ 3 НА УЛИЦА ДАСКАЛ КАМЧЕ
Управниот суд спаси зграда од распаѓање
Судот ја уважи жалбата на станари што се пожалија дека без нивно одобрение се прави потпокрив на зграда, изградена пред земјотресот, и со тоа се доведува под прашалник нејзината издржливост

Управниот суд ја уважи жалбата на станари од зградата број 3 на улица Даскал Камче во Карпош 1 што се жалат дека без нивно одобрение се прави потпокрив на зграда, изградена уште пред земјотресот, и со тоа се доведува под прашалник нејзината издржливост. Станарите се задоволни што успеале да ја истераат правдата, и покрај тоа што барањето за надградба го поднел Сашо Димиќ, актуелен в.д. градоначалник на Општина Карпош, но во времето кога бил само член на Советот на Општината. Иако Димиќ, кој е станар во зградата, го поднел барањето, одобрението за градба е издадено на име Тони Вељанов.
"Ние немаме поим кој е Тони Вељанов. Тој ниту дошол кај нас ниту побарал согласност за изградба на потпокрив на зградата бидејќи ние никогаш не би му дозволиле такво нешто за да не ја нарушиме статиката на зградата. Ова е стар објект и не трпи доградби. За време на последниот земјотрес, минатиот месец, зградата толку се мрдаше што мислевме дека секој момент ќе падне", вели станарката што ја повела постапката пред Управниот суд.
Потпокривот е веќе изграден, но станарите се надеваат дека Министерството за транспорт и врски ќе постапи по насоките од Управниот суд, ќе го укине одобрението за градба и ќе нареди уривање на потпокривот.
В.д. градоначалникот на Карпош Димиќ вчера не одговараше на мобилниот телефон, а го немаше ниту во неговиот кабинет.
Од Министерството за транспорт и врски, пак, кое сега е на потег за да ги исполни очекувањата на станарите, не дадоа одговор на прашањето што ќе се случи со потпокривот на зградата во Карпош. (А.А.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор