daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Култура
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА
Изложба на фотографии од Иван Блажев
"Дома" е документарен фотоесеј кој го портретира животот на студенти во студентскиот дом "Стив Наумов

Денес во 19 часот во Галеријата на Кинотека на Македонија ќе биде отворена изложбата на фотографии "Дома" на авторот Иван Блажев.
Изложбата е дел од документарниот проект "Поинаков поглед", а истовремено ќе биде промовирана и книга со фотографии.
"'Дома' е документарен фотоесеј кој го портретира животот на студенти во студентскиот дом 'Стив Наумов'. Насловот е во врска со прашањата кои ми се појавија, за тоа дали 'Стив Наумов', како транзициско место за тие млади луѓе може да претставува нивен дом, и за нивниот обид да го направат тоа. Тоа е приказна за способноста на човековиот дух за приспособување и истрајност", ни рече Блажев.
На изложбата ќе бидат поставени 36 фотографии, работени во периодот од ноември 2007 до март 2008.
(И. И)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор