daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Калеидоскоп
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Католичката црква во САД исплатила 436 милиони долари отштета за сексуална злоупотреба

ВАШИНГТОН - Американската католичка црква минатата година исплатила 436 милиони долари отштета за случаи на сексуално злоупотребување, извршени од свештеници, стои во годишниот извештај на епископалната конференција на САД. Бројот на новоподнесените жалби е зголемен за 16 отсто во споредба со 2007 година, нагласи епископалната конференција, која секоја година врши проценка на начинот на кој се применува стратегијата за заштита на децата, усвоена по избувнувањето на скандалот со свештеници педофили.
Вкупно 364 милиони од целата сума се исплатени како обесштетување на жртвите. Католичката црква во 2007 година исплати 526 милиони долари за случаи на сексуално злоупотребување. На сметка на падот на сумата за отштети, минатата година бројот на новите жалби е зголемен на 803, од кои повеќето од половината се поврзани со деца. Нешто над половината од новите жалби се однесуваат на сексуални злоупотребувања во периодот од 1960-1974 година, стои во извештајот.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор