daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Калеидоскоп
Пребарувач
Во соработка со Најди!

"Дискавери" замина на Меѓународната вселенска станица
КЕЈП КАНАВЕРАЛ, Флорида (Ројтерс) - Вселенскиот шатл "Дискавери" беше лансиран завчера од вселенскиот центар "Кенеди" на Флорида и поведе екипаж од американски и јапонски астронаути на 13-дневна градежна мисија на Меѓународната вселенска станица. Ова

КЕЈП КАНАВЕРАЛ, Флорида (Ројтерс) - Вселенскиот шатл "Дискавери" беше лансиран завчера од вселенскиот центар "Кенеди" на Флорида и поведе екипаж од американски и јапонски астронаути на 13-дневна градежна мисија на Меѓународната вселенска станица. Ова е 125-тиот лет од американската шатл програма, а беше одложен повеќе од еден месец поради технички проблеми.
Во седумчлениот екипаж е и Коичи Ваката (45) кој ќе остане на станицата како прв резидентен член на екипажот од Јапонија. НАСА минатата година ги достави и ги инсталираше главните составни елементи за јапонската лабораторија "Кибо" на станицата што вреди 100 милијарда долари.
Станицата, којашто е проект на 16 држави, се гради повеќе од една деценија.
Во "Дискавери" покрај Ваката се наоѓаат и командант Ли Арчамболт (48); пилотот Доминик Тони Антонели (41); механичарот Стивен Свонсон (48); и астронаутите кои ќе работат надвор од станицата Џозеф Акаба (41), Ричард Арнолд (45) и Џон Филипс (57), кој веќе бил резидентен член на екипажот на станицата.
Екипажот има првенствена задача да достави и инсталира модул за струја од 300 милиони долари што е 11-тиот и последен сегмент од надворешната основна конструкција на станицата.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор