daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

"Македонски рози" популарни во Србија

Колекција од преработките на 15-те традиционални македонски песни, " Македонски рози", од неодамна се најде и на пазарот во Србија. Албумот зад кој застана Димитар Димовски, заедно со своите соработници, и поп пејачката Андријана Јаневска, која ги пее песните, во Србија е особено популарен и се рекламира како музика за ресторани, аеродроми, лифтови и за добро расположение.
Познатите :"Билјана платно белеше", "Елено, ќерко", "Битола, мој роден крај", "Јовано, Јованке", "Сношти поминав, заминав"... се само дел од песните кои се наоѓаат на албумот. Во Србија "Розите" можат да се нарачаат и преку интернет. "Македонски рози" е дел од проектот "Кирилица", а за наскоро се најавува и второто цеде "Македонски рози 2" , со преработки на стари македонски традиционални песни. (А.Г.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор