daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Што се случува со: Игор Василев - Новоградска

Игор Василев или попознат како Новоградска е музичар кој на пошироката македонска јавност веројатно и е најпознат по големиот хит "Ајде да летаме" заедно со Каролина Гочева. Новоградска е всушност артис кој на македонската музичка сцена работи од далечната 1993 под различни имиња и во различни групи. Почнува со "Балкан Експрес" (победници на поп-рок фест 1995), дел е од актерската група "Будење 7" каде работи како композитор, актер и режисер, а од 1998 почнува да работи сопствена електронска продукција. Негови песни се наоѓаат на сите позначајни компилации со македонска алтернативна музика, а потпишан е како композитор музика за повеќе театарски престави како "Тетовирани души", "Сина соба", "Дракула" и други. Минатата година најави деби албум во подготовка па го прашавме до кај е работата.
"Пред неколку дена се вратив од турнеја во Германија на која го промовиравме новиот соло албум на Александар Велјанов наречен "Порта Македонија" што претходно го снимивме во Скопје. Инаку Велјанов е познат како вокалот на култното германско дарк-вејв дуо "Даине Лакаин". Иако уште ги преживувам импресиите од случувањата таму, паралелно работам и на финиширање на мојот албум. На албумот ќе има неколку соработки со продуценти и вокали од нашата сцена, а за неговото издавање веќе сум во преговори со една американска и една македонска издавачка куќа. Изданието ќе содржи главно нови композиции но и неколку стари мои песни со нови анражмани. Во Македонија излегува во втората половина на годината, а изданието во Америка го очекувам најдоцна за два месеци", ни рече Новоградска. (И.И.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор