daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Дуле и Коки со "Очи полни"

Дуото Дуле и Коки го промовираа вториот сингл од новиот албум кој е во подготовка. "Очи полни" е песната која за нив ја напишаа Роберт Билбилов и Весна Малинова.
Снимена е во новоотвореното студио на Билбилов и Адриан Гаџа, кое се наоѓа во семејната куќа на Гаџа во Визбегово. Дуото вели дека оваа песна го најавува нивниот нов четврти по ред студиски албум кој ќе содржи песни за душа за сите генарации, а го работат повеќе македонски познати автори.
Кралевите на живите свирки не брзаат со објавувањето на новоито цеде, како и сите нивни изданија до сега, го подготуваат полека. За тоа време, Дуле и Коки се ангажирани со водењето на нивниот ресторан "Балканика". Коки се подготвува да стане татко, а Дуле и помага на неговата сопруга Сандра во создавањето на новата модна колекција, по обуката за текстил која ја имаше во Швајцарија. (М.Џ.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор