daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Тања и Новица ќе пеат хуманитарно за крводарителите на Пробиштип

Општинската организација на Црвениот крст на Пробиштип организира голема прослава во чест на крводарителите а по повод на 17 март, Денот на крводарителството. Прославата ќе се одржи денес со крводарителни активности, а ќе заврши вечерта со свечена вечера.
-Во рамките на државата Пробиштип е град на прво место по дарување на крвни единици. А се знае колку значи дарувањето на крв. Колку животи може да спаси. Затоа и ќе се прави голема свеченост по овој повод. На самата свеченост ќе има прогласување на најголемите крводарители, на кои ќе им бидат врачени пригодни награди и пофалници. Со свечена вечера за сите крводарители од општината ќе заврши продславата а на овој настан хуманитарно ќе настапат Татјана и Новица со групата "Амајлија", вели д-р Мијалче Андоновски, претстедателот на комисијата за креводарување во Пробиштип, во чија и организација е целата манифестација. (В.М.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор