daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

КИК-БОКС СПЕКТАКЛ ВО "КАЛЕ"
Саботковски се закити со балканскиот појас

Нинослав Саботковски ја освои балканската титула во кик-бокс, совладувајќи го Бугаринот Енчо Греков со 3:0 во централната борба од дуелот помеѓу двете држави, што се одржа во преполното "Кале" во неделата.
- Подолго се подготвував за мечов и сметам дека одлично боксував. Станува збор за квалитетен натпреварувач, така што среќен сум што успеав да го совладам со убедлив резултат - изјави 17-годишниот Саботковски.
Мирко Костиќ загуби од Христомир Ранчев со технички нокаут во петтата рунда во борбата за балканскиот појас. Тој требаше да го заокружи спектаклот во СРЦ "Кале" но не успеа да го издржи налетот на одличниот Бугарин.
Претходно Иле Ристески го демолираше Николај Атанасов, а и ултимејт-фајтерите приредија шоу, пред се, Драган Топчиевски, кој беше подобар од Оливер Петревски. Зачин на борбите додадоа атрактивните девојки кои го најавуваа почетокот на секоја рунда, на задоволство на многубројната машка публика.
(Н.П)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор