daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ОД ИПСВИЧ
Вотфорд го посакува Шумуликоски

Англискиот второлигаш Вотфорд е сериозно заинтересиран да го ангажира Величе Шумуликоски како отстапен играч од Ипсвич до крајот на сезоната. Тоа го потврди и тренерот на "стршните", Брендан Роџерс.
- Тој е македонски репрезентативец. Испвич можеби ќе сака некој од нашите играчи и тој е еден од нивните играчи што ни е потребен. Тој е дефанзивен играч за врска, кој може да ја додава топката. Репрезентативец е и ни одговара неговиот профил, така што е еден од играчите за кои сме заинтересирани - кажа Роџерс.
Претходно, Ипсвич ја одби понудата за заем од Престон, кој е директен ривал Ипсвич за промоција во Премиерлигата. Сепак, тренерот на Ипсвич Џим Магилтон е свесен во каква ситуација е Шумуликоски, кој речиси нема никаква минутажа во првиот тим, и е подготвен да го отстапи на друг клуб до крајот на сезоната.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор