daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ЗА УТРЕШНИОТ МЕЧ СО ИСЛАНД
ЕХФ ги смени сомнителните судии

Европската ракометна федерација ја смени судиската двојка делегирана за утрешниот квалификациски натпревар за ЕП 2010 помеѓу Македонија и Исланд, кој се игра во салата "Борис Трајковски", со почеток во 20.15 часот.
Беше предвидено искусните Германци Франк Леме и Бернд Улрих да го водат овој меч, но тие се наоѓаат под истрага во врска со реванш-натпреварот од финалето на Купот на победниците на куповите во 2006 година помеѓу Чеховски медведи и Ваљадолид. Русите тогаш го освоија трофејот надминувајќи ја високата предност на противникот од првиот меч за само еден гол, а германските медиуми јавуваат дека на московскиот аеродром "Шерметјево" биле пронајдени 50.000 долари во багажот на судиите.
До расчистувањето на случајот, ЕХФ ги суспендираше двајцата судии од сите натпреварувања, па на денешниот натпревар правдата ќе ја делат добро познатите близнаци Бернд и Рајнер Мете.
Аферата со Леме и Улрих само се надоврза на обвинувањата против полските судии Баум и Горалчик дека учествувале во режирањето на финалето на Лигата на шампионите Кил-Флензбург во 2007 година. Леме/Улрих и Баум/Горалчик беа двете најдоброоценети судиски двојки на последното Светско првенство во Хрватска.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор