daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

По катастрофалнит старт на пролетниот дел
Денеска состанок за смени и казни во Работнички

Смена на тренерот Бобан Бабунски и казни за фудбалерите е можниот епилог од денешниот состанок на раководството на официјалниот шампион Работнички. По катастрофалниот старт на пролетниот дел и двата едноподруго порази од Вардар и од Ренова, "црвенот светло" во таборот на "рамонтичарите" е запалено, па се очекува претседателот Драган Поповски денеска да ги превземе потребните мерки за враќање на екипата во потребниот колосек. Впрочем за поразот со Вардар фудбалерите веќе заработија казни од по 500 евра.
- Ни во најлош сон не верував дека вака ќе го започнема пролетниот дел. Екипата ги доби потребните засилувања, за подготовките во Анталија потрошивме дури 35 илјади евра, а загубивме од Вардар чии фудбалери немаа никакви зимски подготовки. Затоа утре ќе седнеме да си погледнеме во очи и да видиме што понатаму. Околу наводната смена на Бабунски не би шпекулирал, ќе се разговара и со него. По утрешниот состанок многу работи ќе бидат појасни - изјави вчера првиот човек на Работнички, Драган Поповски.
Инаку, од екипата која пред стартот на пролетниот дел се очекуваше да се прошета низ првенството во првите три кола ( во првото Работнички беше слободен) не видовме речиси ништо. Во фудбалските кругови веќе нашироко се врти муабетот дека во клубот се присутни три клана кои си форсираат свои играчи. Сето тоа се пренесе и на зелениот терен и епилогот е познат-Работнички сеуште е без освоен бод во пролетниот дел на првенството. (Т. З.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор