daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

МОТОКРОС
Илиоски одново брилијантен

"Чудото од дете", младиот Христијан Илиоски, ја продолжи доминацијата во Источноевропскиот шампионат во мотокрос, триумфирајќи и на втората сезонска трка, која се возеше на патеката Милци крај Гевгелија. Тој беше убедливо најдобар во класата МХ-2 и МХ-2-јуниор и тоа во двете возења, со што останува на чело на вкупниот поредок со по максимални 100 бода во двете конкуренции. Зад него се пласираа Бугарите Димитар Вергов и Тодор Тотев, додека Благојче Спировски успеа да дојде до 23. позиција.
Од останатите наши претставници, најдобро котираше Ердин Касумовиќ со четвртата позиција во МХ-3, а Дарко Дејановски го освои осмото место.
На трките во Гевгелија настапија 101 возач, а натпреварите ги проследија околу 5.000 љубители на мотокросот. Со ова се означи и почетокот на мотосезоната во Македонија, а следниот натпревар од Источноевропскиот шампионат, кој се состои од осум трки, ќе се вози во Турција на 19 април.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор