daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ПРОПАЃА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПОРТСКИ ЦЕНТРИ ВО ДРЖАВАТА
СРЦ "Крушино" заборавено од АМС и од ФФМ

СРЦ "Крушино" пропаѓа зашто несфатливо не е влезено во ниту една комбинација во агендата на Агенцијата за млади и спорт, ниту на ФФМ. Овој центар, што се наоѓа на 850 метри надморска височина на само три километри од Кичево, нуди неспоредливи услови за подготовка на спортистите од сите национални селекции. Но, на овој центар му се неопходни инвестиции, бидејќи сместувачките капацитети се мали, мотелот "Бисер" располага со само 35 кревети, а тревнатиот терен е во очајно лоша состојба, затоа што повеќе од една деценија не е саниран.
Спортска Македонија мора што поскоро да му даде душа на овој центар и да го анимира. Неопходна е изградба барем на уште еден хотел со фитнес-сала, како и изградба на спортска сала за подготовка на малите спортови во текот на целата година. Во непосредна близина се и Домот на уметноста и манастирот "Свети Ѓорѓија", што дополнително го збогатува овој локалитет. Покрај врвниот спорт, овој центар е погоден и развој на здравствениот туризам, бидејќи боровата шума и чистиот воздух го дозволуваат тоа. Со дополнителна опрема, "Крушино" може да стане и рехабилитациски центар, така што користа од овој микропростор може да биде повеќекратна. (З.А.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор