daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

Нашиот фудбалски репрезентативец останува во Белгија
Митрески ќе го продолжи договорот со Жерминал

Македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митрески по завршување на договорот што му завршува во јуни и натаму ќе го носи дресот на белгискиот прволигаш Жерминал Бершот. Иако тој сеуште се води како позајмен играч од страна на бундеслигашот Енерџи Котбус, по разговорот што неговиот менаџер во саботата го имаше со водечките луѓе на клубот од Антверпен, извесно е дека ќе биде постигнат договор за продолжување на неговата кариера во Жерминал.
- По саботниот меч со Монс мојот менаџер разговараше со раководните луѓе на Жерминал. Моја и нивна желба е да потпишеме нов договор. Единствено тие сега треба да се договорат со управата на Енерџи околу моето обештетување, односно, ќе се преговара околу неговото намалување. Ако биде се во ред со Жерминал ќе потпишам договор на три плус една години. Инаку, претходно договорот со Енерџи ме обврзуваше до 2010 година - објасни Игор Митрески кој во Белгија игра во одлична форма. Впрочем, изминатата недела од еден тамошен весник тој беше избран за најдобар одбранбен фудбалер во пролетниот дел од белгиското првенство. (Т. З.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор