daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ОТКАКО СИТЕ ГИ ПРЕЖАЛИЈА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ"
Тасевски го прероди Вардар

Вардар е најпријатното изненадување по три кола од пролетниот дел Првата фудбалска лига, што е комплетна спротивност на црните прогнози, кои беа логични по хаосот во кој се најде нашиот најтрофеен фудбалски клуб за време на зимската пауза. Најзаслужен за овој пресврт е тренерот Жикица Тасевски, кој успеа да го прероди тимот и да слави над лутиот ривал Работнички, и покрај тоа што Вардар воопшто немаше подготовки и остана со десеткуван состав.
- По сите проблеми што ги имавме во клубот, успеавме да создадеме добра атмфосфера во тимот и сега имаме одличен спој на искуство и младост. Клучни за успешниот старт се дисциплината, желбата и храброста, кои ги покажаа играчите. Задоволен сум од помладите играчи и кај нив гледам огромен потенцијал - вели Тасевски.
Тој потајно се надевал на успех во соседското дерби и не е изненаден од добрите резултатите на последните два меча.
- Можеби, не сум очекувал да го добиеме тој натпревар. Но, тоа е нормално, бидејќи со само три тренинзи и без пријателски натпревари, не можевме да очекуваме многу. Она што најмногу ме плаши се повреди на искусните играчи. Ги имаме само седуммина и постојано ни фали по некој - објаснува популарниот Жичо.
Сепак, три кола не се доволни за посериозна анализа и Тасевки останува цврсто на земјата, а истото им го порачува и на неговите играчи.
- Реално, она што го кажа Трифун Костовски по враќањето во клубот е вистина и јас стојам на истото. Има уште 11 кола до крајот и не се знае ништо. За нас, приоритет се уште ни е што побрзо да обезбедиме сигурен опстанок - нагласи младиот стратег на "црвено-црните".
Тасевски гледа и една позитивна работа во сите проблеми што го зафатија Вардар.
- Првпат по многу години, Вардар доби шанса да исфрли свои играчи. За неколку години, овие деца може да се продадат за 200-300 илјади евра што би било околу милион евра. Тие пари не можете да ги добиете од две кола во квалификациите на Лигата на шампионите. Да беа поинакви околностите, тие, најверојатно, немаше да добијат шанса во првиот тим, бидејќи газдите секогаш сакаат инстант успеси и ангажираат само проверени играчи - вели поранешниот тренер на Маџари.
На почетокот на пролетната полусезона, Жикица Тасевски вторпат дојде на чело на стручниот штаб на Вардар сезонава, откако претходно имаше куса епизода како в.д. тренер по заминувањето на Ратко Достаниќ. Тогаш, тој не доби вистинска шанса, бидејќи набрзо беше ангажиран Милко Ѓуровски.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор