daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА ПРЕД НОВО ЉУБОВНО ИСКУШЕНИЕ
Грк ја бара Есма за жена
Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска е пред ново љубовно искушение - да стане грчка снаа или не. Дознаваме дека веќе подолго време во неа е вљубен познат грчки бизнисмен од шоубизнисот и дека секое нејзино гостување го користи за да

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска е пред ново љубовно искушение - да стане грчка снаа или не. Дознаваме дека веќе подолго време во неа е вљубен познат грчки бизнисмен од шоубизнисот и дека секое нејзино гостување го користи за да и ја побара раката. Блиски пријатели на Есма велат дека секогаш кога Есма пее во Атина, каде што живее нејзиниот додворувач, тој ја пречекува како кралица во вистинска смисла на зборот. Цело време бил нејзин домаќин и ја шетал низ Атина. "Влези во која сакаш продавница, земи што сакаш земи. Се ќе сторам за тебе", ја молел вљубениот Грк. Но, нејзините пријатели велат дека Есма не сакала да земе ниедна скапоцентост со која тој сакал да го освои нејзиното срце.
"Есма не сака ништо да земе од скапите подароци, не само затоа што има се, туку затоа што за неа ниедно богатство не може да ја замени љубовта. Од него примаше само цвеќе и прифаќаше заедно да одат на вечера", велат пријателите.
И Есма потврдува дека досега неколку пати ја одбивала понудата за брак од грчки бизнисмен, за кој вели дека нема да каже како се вика и што работи.
- Нема да го споменам неговото име, не е фер поради него. Тој е човек од шоубизнисот и е многу познат во Грција. Точно е дека имам понуда за брак која е неколку пати повторена, но засега ништо од тоа. Јас се уште не сум подготвена за врска каква што тој посакува. Можеби ќе размислувам за брак кога ќе бидам духовно подготвена за таков чекор, но и кога ќе се нормализира ситуацијата меѓи Македонија и Грција. Јас секогаш сум била за чисти и чесни работи независно дали станува збор за љубовта или воопшто за други работи во животот и во професијата. И покрај големата љубов која тој ја покажува кон мене сега засега нема да го сменам мислењето. Богатството не ме привлекува воопшто. Искрено јас отсекогаш сум имала среќа да имам богати додворувачи. Но, многу пари не носат и многу среќа, вели кралицата на ромската песна.
В. Миленковска

***

Концерт на Есма во Белград

Кралицата на ромската песна Есма на седми април ќе одржи голем концерт во "Сава цента" во Белград. Организатор на концертот е претседталот на Србија, Борис Тадиќ и Министерството за култура на Србија, а е по повод "8 Април" светскиот ден на ромите. На концертот на Есма нема да има гости, освен нејзината наследничка, која со Есма најверојатно ќе ја промовира дуетската песна, но и песната со која Ансамблот "Теодосиевски" победи на последното издание на "Прилеп фолк фест".
-Денот на ромите е значаен за мене, особено што го добив вториот мандат како министер за култура на ромите од целиот свет а тоа навистина е голема чест и гордост. Навистина сум среќна на мојот реизбор, особено заради фактот што на конгресот имаше уметници Роми од целиот свет и меѓу нив јас повторно сум избрана. Мојата задача е и понатаму да ја промовирам ромската култура низ светот и секако да решаваме културни проблеми, вели таа.
По настапот во Белград Есма следниот ден заминува за Словенија, Каде на осму април ќе одржи концерт по истиот повод, а по Љубљана таа заминува за Италија, каде има закажано концерти во неколку града.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор