daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 9   Број:2625   Вторник   3/17/2009
  Спорт
Пребарувач
Во соработка со Најди!

КАЛЕ-КИЧЕВО ЈА ПРИРЕДИ ДОЛГООЧЕКУВАНАТА СЕНЗАЦИЈА
Ѓорчепетровки загубија по 17 години
Дојде и тој ден: ѓорчепетровки загубија првенствен натпревар! Кале-Кичево и стави крај на најдолгата триумфална серија во историјата на македонскиот спорт, кога со голот на Славковска на пет секунди до крајот го урна симболот на непобедливост, поране

Дојде и тој ден: ѓорчепетровки загубија првенствен натпревар! Кале-Кичево и стави крај на најдолгата триумфална серија во историјата на македонскиот спорт, кога со голот на Славковска на пет секунди до крајот го урна симболот на непобедливост, поранешниот европски шампион Ѓорче Петров. Победата од 28:27 (17:16) во салата "Јанчица" колку и да е сензационална, толку беше и исчекувана, имајќи ги предвид последните случувања во редовите на нашиот вечен шампион, кои водеа кон постепено ретчење на играчкиот кадар.
- Цела недела се подготвуваме за овој натпревар. Интимно го очекувавме овој триумф. Единственото нешто што сега ни недостасува за да ги исполниме сите амбиции на домашен план е шампионската титула - изјави капитенката на кичевки, Александра Славковска.
Цели 17 години, од првите денови на самостојниот македонски ракометен шампионат, ѓорчепетровки немаа претстава за поимот пораз, остварувајќи максимален број победи во првите 16 сезони, што е резултат кој ги задоволува критериумите за влез во Гинис. Единствениот пораз на домашната сцена го забележаа уште во 1994 година, кога Вардар ги совлада во полуфиналето на Купот. Кичевки начекаа момент во тимот да останат само Крижанац, Бајрамовска и сестрите Ѓорѓиоски.
Ваква победа вредеше да се прослави и тоа продолжи до доцна во ноќта во ресторанот на хотелот "Унион", небаре станале континетални првенки. Спортскиот директор Муамер Коџаџиклиоски-Масаро дури организираше и спектакуларен огномет.
- Овој триумф го чекавме четири сезони. Од година в година бевме резултатски се поблиску до Ѓорче Петров. И, ете, дојде, за нас, преубавиот 15 март, ден кога прекинавме една традиција долга повеќе од 15 сезони. Овој датум со златни букви ќе биде запишан во нашата клупска историја. Рекордот на Ѓорче Петров сигурно влегува меѓу раритетните резултати во светската спортска историја засекогаш - рече Масаро.
(З.А.-Г.К.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор