daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 8   Број:2552   Четврток   12/18/2008
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

УСТАВЕН СУД
Укинати патриотските фискални
Патриотските фискални сметки се неуставни. Уставниот суд вчера ги укина одредбите со кои се пропишува дека на фискалната сметка треба да се евидентира колку пари купувачот потрошил за производите од домашно потекло. Судот се изјасни за укин

Патриотските фискални сметки се неуставни. Уставниот суд вчера ги укина одредбите со кои се пропишува дека на фискалната сметка треба да се евидентира колку пари купувачот потрошил за производите од домашно потекло. Судот се изјасни за укинување и на одредбата според која на фискалната сметка стои испишано лого: "Да купуваме македонски производи".
Со укинатите одредби се повредува владеењето на правото. Според Судот, со нив се стимулира купување на домашни производи и се дестимулира промет на странски производи, што не е во согласност со уставното начело на слободата на пазарот и претприемништвото, чиј елемент е еднаквоста на стопанските субјекти на пазарот. Тоа не е во согласност и со одредбите на Законот за регулирање на готовинското плаќање каде што е дефинирано кои податоци треба да ги содржи фискалната сметка. Одредбите не се во согласност ниту со Законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.
Обврската на секоја фискална сметка да се евидентира прометот со македонски производи стапи во сила од 1 јули годинава. Немаше официјални бројки колку од трговците ги надградија фискалните каси со софтвер кој овозможува евиденција на македонските производи. Неофицијално, околу 80 отсто од фискалните каси беа надградени, вклучувајќи ги тука и сите продажни објекти на големите маркети како "Веро", "Тинекс", "СП маркет". И покрај тоа што обврската за патриотска фискализација веднаш беше дадена на уставно преиспитување, малкумина трговци ризикуваа високи казни за непочитување на одредбата кои се движеа меѓу 4.000 и 5.000 евра. (А.С.)

***

Враќањето на стариот софтвер пак ќе се плаќа

Трговците што ги надоградија фискалните каси со нови софтвери кои овозможуваат посебно искажување на прометот на македонски производи, сега треба да вградат нов софтвер за да добиваат фискални сметки без издвојување на домашните и странските производи. По вчерашната одлука на Уставниот суд со која се укинати патриотските фискални сметки, од "Дуна компјутери" ни изјавија дека враќањето на фискалните каси во претходната состојба ќе значи и нови трошоци што некој треба да ги плати.
"Враќање на фискалната каса во претходната состојба значи повторно да се заменат делови во касата и како фирма за тоа ќе имаме трошок. Потребни се нов софтвер, нова меморија и ново куќиште. Старите, кои претходно ги извадивме, не можат да се користат бидејќи тоа е потрошен материјал. Значи, ние како производители ќе имаме трошок", велат од "Дуна компјутери".
За тоа дали има можности да се направи оваа постапка бесплатно, од "Дуна компјутери" велат дека ќе зависи од разговорите со Министерство за финансии и со Управата за јавни приходи кој ќе ги понесе трошоците, кои ќе ги имаат производителите на касите.
Министерството за финансии вчера остана без коментар.
"Прво да ја видиме одлуката на Уставниот суд, потоа ќе одлучиме што ќе правиме", изјавија од Министерството.
Останува отворено и дали трговците ќе бараат да им се вратат парите што ги потрошија за воведување на патриотските фискални. Според неофицијалните пресметки кои беа пласирани во медиумите, патриотската фискализација ги чинеше трговците околу 2,7 милиони евра. Во државата има околу 55.000 фискални каси. Надградбата на софтверот чинеше меѓу 50 и 100 евра по каса. (А.С.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор