daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 8   Број:2511   Четврток   10/30/2008
  Живот
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ОРИГИНАЛЕН ДИЗАЈН НА ФИЛИГРАН УМЕТНИЦАТА БИЛЈАНА КЛЕКАЧКОСКА
Ем пиперка, ем спојница
Македонската филигран уметница Билјана Клекачкоска е единствениот учесник од земјава на престижното Биенале за индустриски дизајн што се одржува во Љубљана, Словенија. Таа се претставува со нејзиниот оригинален дизајн за спојници за хартија, наречени

Македонската филигран уметница Билјана Клекачкоска е единствениот учесник од земјава на престижното Биенале за индустриски дизајн што се одржува во Љубљана, Словенија. Таа се претставува со нејзиниот оригинален дизајн за спојници за хартија, наречени "маседониан пеперклипс".
- "Маседониан пеперклипс" се спојници во форма на пиперки, па оттаму и играта со зборови на англиски: пејпрклипс - пеперклипс. Тргнав од вообичеаните спојници кои се многу обични, досадни, со фокус само на функцијата што треба да ја вршат. Идејата ми беше да го трансформирам овој обичен канцелариски прибор во игрив, интересен, а сепак комплетно функционален производ. Изработени се од материјали како и обичните спојници, значи од пластика или метал, но пеперклипс имаат живи бои и изненадувачка форма. Затоа и слоганот гласи: спојниците се досадни, пеперклипс се забавни, вели Клекачкоска.
Биеналето за индустриски дизајн во Љубљана е меѓународна изложба на индустриски дизајн, визуелни комуникации и дизајн концепти. Со традиција од над 40 години има битно место во меѓународната дизајнерска сцена. Преку презентирање на квалитетни дизајнерски дела на словенечки и странски дизајнери, селектирани од независен меѓународен комитет, секоја втора година, промовира современи трендови во светскиот дизајн.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор