daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 8   Број:2428   Сабота   7/19/2008
  Ревија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ВО АТЕЛЈЕТО НА: ЕЛПИДА ХАЏИ - ВАСИЛЕВА
Тантела од црева
Младата македонска уметничка Елпида Хаџи - Василева (1971) живее и работи во Глочестер, Брајтон, Велика Британија. Бидејќи македонската Академија за ликовни уметности ја одби нејзината кандидатура, храбрата Елпида се отисна во светот и дипломираше...

Младата македонска уметничка Елпида Хаџи - Василева (1971) живее и работи во Глочестер, Брајтон, Велика Британија. Бидејќи македонската Академија за ликовни уметности ја одби нејзината кандидатура, храбрата Елпида се отисна во светот и дипломираше на Уметничката школа во Глазгов, а магистрира на Кралскиот уметнички колеџ во Лондон. Оттогаш настапува самостојно или со англиските уметници во сегашната нејзина татковина но и во странство, на пр. на 51. биенале во Венеција учествуваше со група англиски колеги.
Што е ново во нејзината густа агенда? При контактот со нејзиното виртуелно ателје, преку е-маил допишувањата и посетта на нејзината веб страница, го открив нејзиниот возбудлив проект "Пеперутки во стомак". Малкумина во Македонија знаат дека естетскиот сензибилитет на Елпида е во кореалција со оној на нашите припадници на сиромашната уметност Петре Николоски, Глигор Стефанов, Ибрахим Беди. Со користење на природни материјали, во почетокот дрвја, гранки, трева, вода.., а потоа кожи од риби, внатрешни органи од животни, таа создава чудесно вибрантни инсталации со огромни димензии. Една таква оваа година беше претставена на публиката во Валенсиен, област во Франција позната по рачна изработка на тантели. Имагинацијата на авторката, земајќи ја како потик оваа локална традиција, решава да направи амбиентална поставка, своевиден лавиринт од плохи исткаени од внатрешните органи на животни: свински марамици, шкембиња, сало, црева,кожи... Да, признавам, звучи одвратно уште при споменување на овие органи и без сомнение, авторката не поминала лесно при обработката на овој супер-органски матерјал, но сепак не станува збор за абјецт арт или некакво предлагање на естетиката на грдото. Напротив, амбиенталниот лавиринт од фино обработени бели, проsирни тантели од утроби делува како најфини завеси со прецизна нерватура на природниот цртеж на марамиците. Проследен од три видови на звуци, посетителот влегува во огромната утроба на лавиринтот и барајќи го излезот комуницира со другите гледачи. Како да е задоволено вечното човеково љубопитство да погледне во сопствената внатрешност, за повторно да се роди. Хаџи - Василева, освен интеркомуникацијата ја стимулира публиката да ги разбуди сите свои сетила, особено во актуелноста опседната со консумеризмот и стомачните задоволства. За очекување се нови изненадувања од авторката на нејзината престојна самостојна изложба во ексклузивната Њхитецхапел галерија во Лондон во септември.
Соња Абаџиева Димитрова

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор