daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 8   Број:2414   Четврток   7/3/2008
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ИЗРАЕЛСКАТА КОМПАНИЈА СТАНА ГАЗДА НА СКОПСКИОТ СТЕЧАЕЦ
"Газит Глоуб" ќе гради трговски на местото на "Алумина"

Израелската компанија "Газит Глоуб", преку својата филијала основана во Македонија, "Г - Македонија", стана легален сопственик на фабриката "Алумина" и на земјиштето. Продажбата, која стартуваше уште лани во декември, вчера од Влада информираа дека финиширала на 30 јуни, со што се отвораат можности за развој на локацијата. "Газит Глоуб" беше единствениот наддавач на петтиот тендер за продажба на објектот и понуди 19 милиони евра, што е за 20 насто повеќе од почетната цена.
Министерот Глигор Ташковиќ, кој го донесе израелскиот инвеститор, вели дека во текот на купопродажбата "Газит Глоуб" се соочила со сериозни предизвици кои произлегоа од стечајот на "Алумина" и кои се надминати во изминатите половина година.
"Газит Глоуб" планира да инвестира 100 милиони евра во резиденцијално - комерцијален центар, кој треба да содржи и луксузен хотел и деловни згради.
Компанијата планира во Македонија да инвестира во два други проекта, кои се проценуваат на вкупна вредност од 200 милиони евра . (Т.Ј.)

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор